Post Views: 0
На 30.09.2021 во 19.50 часот во СВР Охрид пријавено е дека во селото Велмеј, општина Дебрца, се случил пожар во работна машина – виљушкар, сопственост на правно лице.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 6
Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување. Тие години наназад реагираа дека младите, но и повозрасните кои сакаат да се занимават со некакви спортски активности немаат во близина никаков спортски терен. Потенцираа дека во оваа населба се наоѓа и училиштето „Кочо Рацин“, па навистина повеќе од потребно беше да се реализира еден ваков проект. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ деновиве интензивно работи на уредување на две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, но и на едно детско игралиште на кое ќе бидат...
Post Views: 0
Двата архитектонски бисери – македонскиот Охрид и албанскиот Берат, ги поврзува не само тоа што се заедно на светската листа на културни и амбиентални врености на УНЕСКО, туку и заедничкото историско минато, влезено, мегу другото, и во легендата за охридската мома Биљана, која ги молела бератските винари “кротко да ги тераат карваните за да не и го газат даровното платно”.
Со овие зборови, викендов во Охрид, им се обрати ВД градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на учесниците втората „Езерска средба – Охрид 2019”, која, под покровителство на локалната самоуправа...
Post Views: 1
Центарот за јавно здравје од Охрид ги потсетува и повикува сите даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга да се обратат до Одделението за Епидемиологија при Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги.
– Одлуката е во рамките на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на Велигденските празници кога се очекува поголем број гости да ги посетат Охрид и Струга, како и за претстојната...
Post Views: 8
Apple долго време доминираше на светските берзи, но откако Alphabet ги објави резултатите за последниот квартал и за комплетната 2015 година – 21,3 милијарди долари приход во последните три месеци и заработка од 8,67 долари по акција, што е повеќе од очекуваните 20,3 милијарди и 8,09 долари по акција, цената на акцијата на оваа компанија порасна за околу 8%, со што по вкупната пазарна вредност го надмина Apple.
Alphabet, за оние кои не ја следат технолошката индустрија е Google, односно тие минатата година ја основаа оваа компанија која ги покрива сите нивни проекти,...
Post Views: 1
Во рамките на Програмата за спикери на Амбасадата на Соединетите американски држави, во работна посета на Општина Охрид, денеска беше директорот на Американскиот центар за претприемништво Питер Рајт.
На средбата со охридските бизнисмени и претставници на Локалната самоуправа, чиј домаќин беше претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска, се разговараше за можната соработка со оваа реноморана институција во проектите за развој на претприемништвото.
Post Views: 8
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески учествува во меѓународната конференција „Патишта на свилата: инспирации и можности”, која се одржува денес во Истанбул, Турција.
„Македонија, со својата географска позиција отсекогаш била стратешка точка за транспорт на Балканот, од причина што се наоѓа на крстопатот на многу рути кои водат од Европа до Азија и Блискиот Исток. Во моментот ние сме посветени и фокусирани на изградбата на нови автопати, нови железнички пруги и модернизација на старите, долж паневропските коридори кои поминуваат низ нашата земја”,...
Post Views: 1
Од МЈП Проаква Водовод Охрид утрово не информираа дека поради интервенција на водоводната мрежа, денес, понеделник, ќе има прекин во водоснабдувањето во Пештани.
Поради обемноста на зафатот прекинот ќе трае до 14 часот.
Post Views: 0
Локалната агенција за развој (ЛАР), Струга преку IPA проектот „Сино и Зелено наспроти црно и сиво” во рамките на прекуграничната програма Македонија-Албанија го одбележa 22 мај – Светски ден на заштита на биодиверзитетот.
Целта на проектот е јакнење на јавната свест за одржливо искористување на природните ресурси во сливното подрачје на Охридското Езеро во областите шуми, води и земјоделие.
Во рамките на проектот функционира едукативна училница – Еко-инкубатор во кој се организираат предавања за ученици, јавни дебати, работилници и слични настани на еколошки...
Post Views: 4
Премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска по охридската чаршија посетија неколку охридски дуканџии.Зборуваа за условите за работа и поддршката од владата на чаршискиот еснаф. Економските политики на владата ќе ги поддржат семејните бизниси и занаетчиите за зголемување на нивниот профит. Најголемо значење во подобрувањето на бизнис климатаспоред Заев има олабавувањето на казнената политика. Глобите за малите фирми се намалуваат за 60 % , а пред глобата може да се изрече опомена.
„Се менува казнената полтика која што во минатото беше репресивна...
Post Views: 0
Во рамки на одбележување на Неделата на млади 1-7 октомври, младите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид на 03.10.2021 г., недела, во периодот од 12 – 14:30 ч. на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ под мотото „Нашата приказна продолжува со тебе“ ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“, на кој преку најразлични едукативни работилници и перформанси ќе се поттикнува хуманоста и креативноста кај младите.
Посетителите на овој јавен настан ќе имаат можност да учествуваат на работилница за танц, да бидат дел од изработката на графит-мурал ...
Post Views: 1
Решение за нелегалните градежни активности на Али Пашината џамија ќе се бара после изборите. Премиерот Зоран Заев денеска од Охрид, уште еднаш порача дека законите во државата треба да се почитуваат, но додаде дека решенијата за ваквите проблеми како спорната реконструкција на џамијата и изградбата на 32 метарското минаре треба да се бараат со меѓусебна почит и разбирање во рамките на религиската разноликост како богатство.
„Знаете дека одржав средба со здружението Совест, одржав средба и со Дирекцијата на вакуфите што е одговорна за изградбата. Точно е дека постои...