Обврска на станоиздавачите да ги дезеинфицираат своите капацитети

Центарот за јавно здравје од Охрид ги потсетува и повикува сите даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга да се обратат до Одделението за Епидемиологија при Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги.

 |   | 

– Одлуката е во рамките на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на Велигденските празници кога се очекува поголем број гости да ги посетат Охрид и Струга, како и за претстојната туристичка сезона, а согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник на РМ бр. 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014 и 150/2015). Подготвени се посебни, поволни пакети на услугите за дезинфекција, за станоиздавачите, а нашите мобилни екипи ќе бидат подготвени секој работен ден и сабота со потребната опрема и средства да одговорат на барањата и потребите на угостителите (станоиздавачите) за навремено и ефикасно спроведување на превентивната дезинфекција со цел намалување и избегнување на ризиците од појавата на заразни заболувања. За дополнителни информации и закажување на услугата (дезинфекција) станоиздавачите можат да се обратат во просториите на Центарот или на телефоните 046/231-030 и 070/723-029, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top