„Совест“:Од кога законите и правдата станаа растегливи за премиерот Заев?

Post Views: 2 Во целост го пренесуваме писмото на здружението граѓани „Совест“. -Еве конечно слушнавме, јасен кажан збор од страна на Премиерот Зоран Заев, дека АЛИПАШИНАТА ЏАМИЈА Е ДИВОГРАДБА. -Изјавува… “знаеме дека има конзерваторско одобрение и знаеме исто така дека нема Дозвола за градба“…Нешто не е јасно.. Ние обичните граѓани знаеме дека каде што има дивоградба согласно закон има казна рушење и кривична казна ..ништо друго…затоа не си градиме кој каде сака и кога сака, туку чекаме со години да добиеме Дозвола за градба. Никој во институциите не ни верува на...

Continue reading

Казнети 11 возачи во Охрид за неправилно престигнување

Post Views: 9 При сообраќајни контроли извршени на 30.09.2021 од 08 до 13 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, регистрираа и санкционираа 11 возачи на моторни возила кои извршиле неправилно престигнување. Полициските службеници од Струга затекнале и од сообраќај исклучиле две лица кои управувале мотоцикл под дејство на алкохол, додека во Кичево, санкционирани се шест возачи на моторни возила кои во населено место ја надминале дозволената брзина на движење со моторно возило – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Силјановска Давкова: Ќе им се обраќам на граѓаните а не на партии

Post Views: 5 Нема поприродно место за започнување на кампањата од мојот роден град Охрид, изјави денеска Гордана Силјановска Давкова во дворот на црквата Св Софија. Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган  гласи „Правда за Македонија! Татковината повикува!“ рече дека кампањата ја замислува како натпревар на идеи, на програми, витешки натпревар на ставови. без напади врз личноста на противкандидатите. „Ќе им се обраќам, се разбира, не само на оние кои ми отворија врата, веројатно сакајќи да докажат и покажат демократски капацитет за некој од надвор како мене...

Continue reading

На овие избори влегуваме со најсилното оружје, а тоа е вистината, порача Михаил Трендафилов – Нанче

Post Views: 2 Михаил Трендафилов – Нанче, кандидатот за градоначалник на Охрид на Граѓанско демократската унија, предизборната кампања ја почна со обраќање до граѓаните пред спомениците на Христо Узунов и Методија Патче во центарот на Охрид од каде порача дека на овие избори влегуваат со најсилното оружје, а тоа е вистината. Со стравот што владее меѓу луѓето мислат дека се само ВМРО и СДСМ и друга опција нема. Затоа сме последни во Европа. Кој како сака нека кажува приказни. На сите ни е тешко. Тие не се многу различни, едните мамат другите лажат, заедно крадат после се амнестираат,...

Continue reading

Во ОУ „Ванчо Николески“ се одбележаа денот на шегата и денот на акцијаштвото. Во ОУ „Ванчо Николески“ се одбележаа денот на шегата и денот на акцијаштвото

Post Views: 2 Основците од Ванчо Николески од Лескоец го одбележаа Први април денот на шегата и денот на акцијаштвото. Учениците на настанот му дадоа и сериозен еколошки дух. Од рециклирани гуми изработиле декоративни и корисни предмети кои го красат училишниот двор. Учениците членови на акцијашкиот клуб Брег на младоста одлучиле денешниот ден да го одбележат со акцијата „Гумата не гори ја, за украс обои ја“ упатувајќи порака дека промените стартуваат од себе, од својот двор, од својата околина. „На тој начин сакавме да покажеме дека треба да се грижиме за местото во кое учиме и живееме....

Continue reading

Милијардери кои немаат завршено ниту средно училиште

Post Views: 1 Список на светски богаташи за кои високото образование и дипломата не биле заслужни за успехот, а не само што не завршиле факултет туку тие немаат завршено ниту средно училиште, а сепак станале успешни бизнисмени и милијардери. –Џон Рокфелер – Уверливо најбогатиот Американец на сите времиња, индустријалец, нафтен магнат и филантроп. Основач е на компанијата Standard Oil која до 1880 година контролирала 90% од американското производство. Одел во гимназија и на неколку курсеви по книговодство пред да го напушти училиштето на 16 години. Тогаш се вработил како помошник...

Continue reading

Константин Георгиески ја стартува изборната кампања за градоначалник на Охрид

Post Views: 7 Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во своето прво обраќање пред охриѓани потсети на пријателството, спомените и заложбите на Јован Стојаноски кој прерано замина од градоначалничката функција. Почувствував голема морална обврска и мотив да ги вложам сите мои човечки капацитети, сето мое искуство и време за да се борам и да го продолжам она што го започнавме заедно за доброто на Охрид и за доброто на охриѓани, истакна Георгиески кандидат за градоначалник на Охрид. Мојата предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи...

Continue reading

superbrend dobitnici

„Адора Инженеринг“ Супербренд 2013/2104

Post Views: 0 „Адора Инженеринг“ е еден од годинешните добитници на признанието Супербренд за 2013/2014 година на свечената церемонија која во присуство на голем број македонски супербрендови и гости се одржа во Скопје. Д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора Инженеринг, истакна дека по 12 годишното успешно работење, овој градежен супербренд и натаму ќе продолжи со изградба на докажано сигурни, висококвалитетни еко домови, грижејќи се за своите купувачи, клиенти и за  пошироката заедница. За третиот избор на македонските супербрендови, пазарни марки кои ја добија меѓународната...

Continue reading

Најмладите охриѓанчиња го одбележаа денот на шегата

Post Views: 13 Експлозија од бои и костими. Денес градскиот плоштад беше местото на кое најмладите охриѓанчиња од сите охридски градинки покажаа дека детската фантазија не познава граници. Идеи поттикнати од ликовите од цртаните филмови и омилените бајки, па се до омилените ликови од актуелните сапунски серии. Принцези, самовили, Бетмен, Спајдермен беа само некои од ликовите во кои кои најмалите беа маскирани. Буквално на плоштадот можеше да се види се и сешто. Целта беше, одбележувањето на денот на шегата, 1 април. На одбележувањето на празникот се приклучија и учениците од основните...

Continue reading

ezero

Брод од Првата светска војна крие Охридското Езеро

Post Views: 0 Артефакти од Првата светска војна крие Охридското Езеро во струшкиот дел. Годинава на нивно откривање работи струшкиот музеј „Др Никола Незлобински“. Директорот на установата д-р Сашо Цветкоски нагласи дека набрзо ќе има промоција на овој атрактивен проект кој е поврзан  со еден Европски настан, односно вклучување на музејот во одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна.   „Тоа е една потопена композиција брод со некоклу придружни елементи и тоа е многу интересно, тоа укажува дека фронтот и дел од фронтот и овде поминувал, значи и овие наши предели биле...

Continue reading

Повисоки цени на горивата во април

Post Views: 1 Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар. Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар. Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.За 0,677...

Continue reading

Посебен режим на сообраќај на патниот правец А2 Кичево-Охрид

Post Views: 0 Од утре се најавени градежни работи за рехабилитација на асфалтот на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот помеѓу планинскиот превој „Пресека“ и селото Песочани. – Сообраќајот ќе се одвива под посебен режим со преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top