Најмладите охриѓанчиња го одбележаа денот на шегата

Градскиот плоштад беше претесен да ги собере најмладите охриѓанчиња кои гордо парадираа, покажувајќи ги своите маски.

 |   | 

Експлозија од бои и костими. Денес градскиот плоштад беше местото на кое најмладите охриѓанчиња од сите охридски градинки покажаа дека детската фантазија не познава граници. Идеи поттикнати од ликовите од цртаните филмови и омилените бајки, па се до омилените ликови од актуелните сапунски серии. Принцези, самовили, Бетмен, Спајдермен беа само некои од ликовите во кои кои најмалите беа маскирани. Буквално на плоштадот можеше да се види се и сешто. Целта беше, одбележувањето на денот на шегата, 1 април.

На одбележувањето на празникот се приклучија и учениците од основните училишта. Во основното училиште „Св. Климент Охридски“ беше доста весело. Најмалите основци маскирани во кловнови, гусари, морнари и во што уште не, со помош на своите оделенски раководители организираа вистинско дефиле под маски, на кое покрај учениците се приклучија и наставниците и некои од родителите, а се во знакот на денешниот ден на шегата.

Историјата на терање шега на 1 април е обвиткана со тајна. Некои сметаат дека овој празник се појавил кон крајот на средниот век во Европа, кога прераснал во „општонародна веселба“, други веруваат дека корените на тој народен празник достигнуваат до стариот Рим, познат и по тоа што тамошните жители умееле добро да се забавуваат. Како и да е, хуморот и смеата воопшто, ни помага полесно да надминеме некои непријатни или тешки ситуации, а пак кога ќе се пошегуваме на сопствена сметка, експертите тврдат дека си помагаме и себеси и на другите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top