Силјановска Давкова: Ќе им се обраќам на граѓаните а не на партии

Ќе дискутирам за реални проблеми без напади врз личноста на противкандидатите и ќе им се обраќам на граѓаните а не на партии, порача денеска од Охрид, на стартот на кампањата Гордана Силјановска Давкова , кандидат за претседател поддржан од  ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. 

 |   | 

Нема поприродно место за започнување на кампањата од мојот роден град Охрид, изјави денеска Гордана Силјановска Давкова во дворот на црквата Св Софија. Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган  гласи „Правда за Македонија! Татковината повикува!“ рече дека кампањата ја замислува како натпревар на идеи, на програми, витешки натпревар на ставови. без напади врз личноста на противкандидатите.

„Ќе им се обраќам, се разбира, не само на оние кои ми отворија врата, веројатно сакајќи да докажат и покажат демократски капацитет за некој од надвор како мене кој ги критикувал, мислам на партијата ВМРО ДПМНЕ.  Јас ги критикува и другите партии кога треба и ќе продолжам тоа да го правам. Ќе им се обраќам на граѓаните, на индивидуите а не на партиите.“ – изјави Давкова.

Силјановска Давкова која денеска прошета низ градскиот пазар во Охрид и низ стар град и имаше средби со граѓаните вели дека сака да ги привлече неутралните гласачи, гласачите кои иако идеолошки припаѓаат кон други партии но се разочарани од случувањата изминативе години како и оние кои прв пат ќе гласаат.

„Шансите на некој кој е непартиски , натпартиски, да ги претставува сите граѓани, да докаже дека е човек од народот,  за народот, со народот, мислам дека се големи. Таквата личност има шанса да посегне по помирување бидејќи  поподелено општество од македонското мислам дека, во моментов, нема. “

Давкова вели дека се кандидирала затоа што смета дека своето повеќедецениско професионално искуство како  професор во проучување на политичките системи, уставното прво, компаративните искуства и проблемите врзани за поделбата на власта како претседател ќе може и да го докаже. Додаде дека  доаѓа времето на жените. Тоа што досега не сме имале жена премиер или претседател е откажување од енергија и знаење. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top