На две основни училишта и на општинската зграда поставени сончеви колектори

Post Views: 60 Заврши проектот за поставување фотоволтаични системи на две основни училишта и на општинската зграда. Сончевите панели во површина од 100 метри квадратни кои ќе даваат енергија од 15 киловати, веќе се монтирани на училиштето Живко Чинго во с. Велгошти, Св. Наум Охридски во с. Пештани и на зградата на Општина Охрид. Останува уште некои поситни технички работи да бидат завршени за да почне нивното користење. Наскоро ќе имаме производство на електрична енергија во двете училишта и во општина Охрид и тоа чиста електрична енергија добиена по еколошки пат, Томе Џамтоски-портпарол...

Continue reading

Пријава против охриѓанец кој без соодветно одобрение е затекнат во угостителски објект

Post Views: 5 СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. При контрола извршена на 10.05.2021 година во 01.45 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот пред угостителски објект на улицата „Партизанска” во Охрид, без да поседува соодветно одобрение издадено од надлежен орган во време на забрана за движење на населението поради заштита од Ковид-19 – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Реконструкција на плоштадот „Крушевска Република” содржи програмата на кандидатот Константин Георгиески

Post Views: 66 Реконструкција на плоштадот „Крушевска Република” како едно од најрепрезантативните места во Охридското централно подрачје, дел од предизборната програма на Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на СДСМ и коалицијата. Сегашниот изглед со целокупната инфраструктура, постоечката фонтана и урбаната опрема на овој плоштад не се на задоволително ниво и истите се во лоша состојба, па оттука се јавува потреба од нивно реконструирање, рече Филип Јовановски од ВМРО НП, кој го презентираше проектот. Уредувањето на овој плоштад ќе придонесе за создавање поубав амбиент...

Continue reading

Најмногу интегрирани еколошки дозволи издадени за живинарски фарми и бетонски баз

Post Views: 20 Во првото тромесече од оваа и мината година Oдделението за заштита и влијание врз животната средина при ЛС издало шест интегрирани еколошки дозволи. Една Б- ИЕД е издадена за леарница за леење на обоени метали, една за каменолом за експлоатација на минерална суровина варовник, две за бетонски бази и две за живинарски фарми. Б интегрирани еколошки дозволи се издадени за Леарница ДООЕЛ Охрид, АД Гранит бетонска база с.Косел , ГД Гранит каменолом Рашанец, Бетонска база Лавче ,с.Косел,живинарска фарма Лита, с.Горно Лакочереј, живинарска фарма Вапилица ,с.Вапила Охрид, инфеомираат...

Continue reading

Утре ќе се одигра големото ракометно дерби помеѓу Охрид и Струга

Post Views: 0 Најавата за новото езерско дерби со вечниот ривал Р.К. Струга од четвртото коло во Play out, лигата помина во сенка на неодамнешната одлука на Ракометната федерација на Македонија, ниту еден од охридските ракометари, кои го освоија вицешампионското место во младинска конкуренција, да не се најде на списокот од селекторот Данило Брестовац за Меѓународниот турнир „Бугојно 2019“ во Бугарија.Спортскиот директор на клубот, Горан Недески кажа дека охридските млади ракометраи забележаа само еден пораз и тоа на натпревар без натпреварувачко значење, додавајќи дека селекторот...

Continue reading

Словенците смислија како да ги спречат пијаните возачи да возат

Post Views: 1 Измените на законот за безбедност на Словенија уште оваа година ќе предвидува вградување на електронски уред кој го блокира стартувањето на моторот ако возачот во организмот има недопуштена количина на алкохол, најавил словенечкиот министер а сообраќај Peter Gaspersic. Министерот измените ги најавил на семинарот за можности за намалување на несреќи во сообраќајот поврзани со конзумација на алкохол, кој е во организација на Европскиот совет за безбедност во сообраќајот одржан во Љубљана. На семинарот присуствувала и пратеничката на Европската комисија за транспорт Violeta...

Continue reading

Нов начин во функционирањето за општинската администрација најавува во изборната програма Митре Милошевски

Post Views: 7 Воведување на низа мерки во работењето на општинската администрација за позадоволни граѓани, најавува во изборна програма Митре Милошевски кандидат за градоначалник од Вмро Дпмне. Милошевски, најави на денешната прес конференција поголема ефикасност и услужност на локалната администрација кон граѓаните. „ Општинатa ќе биде поотворена и ќе работи за граѓаните. Со нови начини на организирање на работата, навремени реакции, достапност и услужност за граѓаните ќе направиме ефикасна и модерна Општина. Кој прв ќе дојде, тој прв ќе добие услуга. Воведување антикоруптивна мерка...

Continue reading

лого

Времена забрана за движење на товарни возила во Скоје

Post Views: 2 Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот. Времениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје.Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно...

Continue reading

„Благовештение на Пресвета Богородица“

Post Views: 1 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во четвртата недела од Великиот пост на 07. април 2019 година (недела), во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“. а светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Continue reading

esej

Есејот пријателство без граници

Post Views: 0 Празник на културата во Струга. Месецот јуни не само за Струга туку и за македонските писатели е месец кој се прославува во чест на браќата Миладиновци. Деновиве се одржува осмата меѓународна литературна манифестација „Година на есејот.“ Вевчани, Струга и Охрид се местата каде се одржува оваа манифестација, годинава насловена како „Есејот пријателство без граници“. „Сите писатели есеисти и теоретичари вљубени се во Струга, како Мека, како дух, покрај оној големиот мамутски фестивал Струшки вечери на поезијата Струга навистина да го осветли тој пат да ги собери од повеќе...

Continue reading

ВЕЧЕРВА ОХРИЃАНИ ПОВТОРНО ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА УЖИВААТ ВО ПРЕТСАВАТА „АНАЛФАБЕТ”

Post Views: 13 Вечерва на репертоарот во Центарот за култура повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија работена според истоименото вонвременско дело на Бранислав Нушиќ, а во режија Ѓорѓи Ризески. Играат: Горан Стојаноски – Максим БлагадушаНикола Тодороски – Митре П. КлатипатлакСтрезо Стаматовски – Румен ВујаклијаАдријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – ДупеваСценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев Станува збор за тетарско дело кое се занимава со луѓето кои црпат голема моќ од функциите...

Continue reading

Санкционирани 4 возачи во Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол

Post Views: 0 На 1-ви и 2-ри јануари 2022 година во периодот од 22 до 03 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 9 возачи кои управувале под дејство на алкохол ( Охрид-04, Струга-03, Кичево-01, Дебар-01 ). Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top