ВЕЧЕРВА ОХРИЃАНИ ПОВТОРНО ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА УЖИВААТ ВО ПРЕТСАВАТА „АНАЛФАБЕТ”

Вечерва на репертоарот во Центарот за култура повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија работена според истоименото вонвременско дело на Бранислав Нушиќ, а во режија Ѓорѓи Ризески.

 |   | 

Вечерва на репертоарот во Центарот за култура повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија работена според истоименото вонвременско дело на Бранислав Нушиќ, а во режија Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша
Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Станува збор за тетарско дело кое се занимава со луѓето кои црпат голема моќ од функциите на кои се поставени во општеството и ги злоупотребуваат привилегиите за лични интереси, без оглед на последиците кои ги предизвикуваат.

Во улогата на Максим Благадуша е Горан Стојаноски, Никола Тодороски го глуми ликот на Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски е Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Во претставата се користат пиротехнички средства и претставата не е препорачлива за возраст под 14 години.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. *Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top