Post Views: 7
Охрид обоен и во сино и во црвено. Синоќа во вториот круг од предвремените локални и од председателските избори, резултатите спротивни. Изборната трка за градоначалник ја доби кандидатот на СДСМ д-р Константин Георгиески, додека на локално ниво на изборите за претседател на државата во Охрид победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.На вонредните избори за градоначалник Георгиески освои 16.523 гласа, а неговиот противкандат од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски 12.668. Својата воља ја искажале вкупно 30 397 гласачи, а излезеноста беше 58, 12%.На...
Post Views: 2
Градноначалникот Трајкоски го посети с.Требеништа каде се во тек градежните работи за изградба на повеќенаменската балон сала.
Од увидот на лице место каде интезивно се работи на изработка на челична конструкција, на која во понатамошниот тек на изградба ќе се пристапи кон поставување на тенда и осветлување, како прва фаза од проектот и ќе биде во функција за жителите од општина Дебарца.
Средствата за изградба на оваа повеќенаменска сала се издвоени од буџетот на општина Дебарца.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Горан Папаз, познатиот саксафонист од Охрид, заедно со црковната музичка група „Агапе” утре ќе настапат пред папата Франциск. Папаз ќе свири саксафон соло на три песни со текстови во кои се слави името на Господ. Охридскиот музичар пред утрешниот настап, за кој добил покана од Дон Давор, споделува какво е чувството да се свири пред гостин од таков висок ранг како што е Папата, кој за прв пат доаѓа во посета на нашата земја.„Бев изненаден. Јас сум православен христијанин и очекував дека тоа ќе биде затворен круг внатре кој ќе го водат тие. Не очекував дека ќе бидат толку...
Post Views: 1
На 01.01.2022 полициски службеници од СВР Охрид, во соработка со инспектори од УЈП извршија зајакнати контроли по угостителските објекти во Охрид.
Притоа, во еден објект лоциран на булеварот „Јане Сандански”, во кој имало 450 гости, било констатирано дека одговорното лице кое го изнајмило објектот, не ангажирало агенција за обезбедување и не поседувало соодветна документација и одобрение за вршење на дејноста. Од страна на овластените службени лица била изречена соодветна глоба – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 3
Утрово во центарот на Охрид, дрво уништи три возила. Попладнево со специјална дигалка се отстрани оштетеното дрво кое предизвика материјална штета.
Во врска со немилиот настан каде од пад на дрво се оштетени неколку возила на улица „Македонски просветители“, од Локалната самоуправа информираат дека „Комисијата за проценка и отстранување на опасни дрва“, излегла да направи проценка на паднатото дрво, а исто така, а овластен вештак извршил проценка на направената штета. .
Од локалната додаваат дека Комисијата ќе изврши проценка и за квалитетот на веќе постоечкиот дрворед...
Post Views: 1
По најавата за два нови директни летови на руската авионска компанија „НОРДВИНД” со кои се поврзаа Москва и Санкт Петербург со Скопје, единаесет руски тур оператори заедно со претставникот на Нордвинд пристигнаа во посета на државава.
Руските тур-оператори се од целата територија на Руската Федерација и се заинтересирани примарно за зимски туризам. Со оглед на нивното долгогодишно искуство во туризмот, после нивната четиридневна посета на Македонија ќе лансираат програми за руски туристи кои ќе опфатат неколкудневен престој во зимските центри. Покрај зимските центри,...
Post Views: 1
Преку спојување на образованието и стопанството ќе се обучуваат кадри што им се потребни на компаниите. Брзиот развој на технологијата несомнено бара и брзи промени на програмите за образување кадар кој ќе биде соодветен на потребите на пазарот на трудот, а дуалното образование по се изгледа е совршениот рецепт. Делегацијата на германското стопанство од април 2017-та година, во неколку училишта во земјава ја спроведува програмата за дуално стручно образование „Skills expert“. За да се продуцира кадар со стекнати вештини и компетенции, потребно е учениците во текот на...
Post Views: 1
Според официјалните резултати објавени од Државната изборна комисија, со освоени 16.523 гласови, односно 54,36% од избирачите, д-р Константи Георгиески, како кандидат на СДСМ и коалицијата и официјално е новиот градоначалник на Охрид.
Георгиески на вчера одржаниот втор круг од предвремените избори за градоначалник, ја добил поддршката од 16.523 граѓани на Охрид или 54,6 отсто од гласовите на граѓаните, односно 3.855 гласа повеќе од неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски за кого гласале 12.668 лица или 41,68 отсто од граѓаните што вчера излегле...
Post Views: 3
Во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид од 9-12 мај 2019 година во организација на Институтот за правно-економски истражувања и едукација IURIDICA PRIMA ќе се оддржи 5-тата Јубилејна Меѓународна научна конференција ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРАВОТО – 2019 насловена:„Злоупотреба на правото и „ненормалното“ право наспроти владеење на правото“.
Конференцијата е посветена во чест на животот и делото на големиот правник, оратор и цивилист, Академик Проф. д-р Слободан Перовиќ – основоположник на Копаоничката школа на природното право. Професорот Слободан Перовиќ беше професор на Правниот...
Post Views: 1
Facebook во својата апликација Messenger ќе воведе новитет кој сигурно нема да му се допадне на никого. Имено, јавноста дојде до документ во кој се гледа дека за време на разговорот во Messenger на корисниците ќе им пристигнуваат реклами, а оваа имплементација се очекува во следните месеци.
Рекламите ќе се праќаат директно во прозорчето каде се разговара, но само на почетокот од конверзацијата.
Овој потег се објаснува со желбата на Facebook, Messenger да стане примарна алатка каде купувачите влегуваат во интеракција со огласувачите односно продавачите на услуги.
Она...
Post Views: 8
Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Охрид во вториот круг до 17 часот одѕивот бил 47%.
Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Охрид, Дебар, Гостивар, Кичево, Струга и Тетово до 15 часот бил забележан помал одѕив во вториот круг во споредба со првиот круг од претседателските избори.
Во Дебар во првиот круг до 15 часот одѕивот бил 28,63 отсто, а во вториот круг е намален на 16,52 отсто. Според објавените податоци, ова е најголемо намалување на одѕивот во споредба со првиот круг до 15 часот.
Во Гостивар одѕивот...
Post Views: 3
Попис на сите културни и природни богатства кои ги има регионот на Охридското Езеро и во македонскиот и во албанскиот дел. Вака треба да започне проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наследство во регионот на Охридското Езеро. Овој проект цели кон разрешување и отстранување на сите закани кон природните и културните вредности на овој регион и нивна интегрирана заштита и во Македонија, и во Албанија.
„Интегрираната заштита на целокупниот охридски регион значи всушност еден нов квалитет, најмногу во областите на заедничка грижа за квалитетот...