Во вториот круг во Охрид до 17 часот одѕивот 47%

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Охрид во вториот круг до 17 часот одѕивот бил 47%.

 |   | 

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Охрид во вториот круг до 17 часот одѕивот бил 47%.

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Охрид, Дебар, Гостивар, Кичево, Струга и Тетово до 15 часот бил забележан помал одѕив во вториот круг во споредба со првиот круг од претседателските избори.

Во Дебар во првиот круг до 15 часот одѕивот бил 28,63 отсто, а во вториот круг е намален на 16,52 отсто. Според објавените податоци, ова е најголемо намалување на одѕивот во споредба со првиот круг до 15 часот.

Во Гостивар одѕивот во првиот круг до 15 часот бил 17,23 отсто, а во вториот 15, 88 отсто.

Во Кичево од 22,11 отсто во првиот круг, одзивот е намален на 21,57 отсто.

Намалување на одѕивот има и во Струга каде што во првиот круг на гласање излегле 19,31 отсто од гласачите, а во вториот круг нивната бројка е 17,72 отсто.

Во Тетово во првиот круг до 15 часот гласале 19,75 отсто од гласачите, а во вториот 17,68 отсто.

Мало намалување има и во Врапчиште, во првиот круг одѕивот бил 12,61, а во вториот круг 12,41 отсто.

Најголемо зголемување на одѕивот има во Крива Паланка, којашто има и најголем одѕив до 15 часот. Во првиот круг гласале 47,22, а во вториот 52,61 отсто од гласачите.

Најмал одѕив има во Желино – 9,03 отсто во вториот круг, а во првиот круг одѕивот бил 10,06 до 15 часот.

Според последните пресметки на ДИК од обработените 99,67 отсто избирачки места, одѕивот на гласачи во вториот круг од претседателските избори се намали од 30,34 на 30,13 отсто или 543.045 гласачи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top