Post Views: 1
Во охридското училиште „Братство Единство“ се одржа македонско- словенечки појадок во знак на одбележување на Меѓународниот ден на пчелата. Од минатата година на иницијатива на Словенечкотo министерство за земјоделие 20 мај се одбележува како светски ден на пчелата. Нашата земја е поддржувач на овој ден на традиционалнитe пријатели од оваа земја. Мултиетничкото основно училиште Братство-Единствo беше домаќин на настанот. По тој повод , Џемал Мехмед , директор на ОУ ги поздрави гостите, амбасадорот на РС Милан Јазбец, словенечкиот министер за земјоделие Александра Пивец,...
Post Views: 2
Проблем со посебниот линиски превоз во Струга. Околу 150 средношколци од СОУ „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ деновиве од свој џеб плаќаат превоз од училиште до дома и обратно на релација Охрид – Струга. Родителите се револтирани, бараат одговор од директорите да појаснат на што се должи ваквата состојба, а дел од нив како што кажаа за ТВМ веќе размислувале своите деца да ги префрлат во охридските средношколски центри. Директорот Никола Затуроски, смирува и во име на двата средношколски центри тврди дека до понеделник проблемот ќе биде надминат.
„Вие знаете дека се спроведува...
Post Views: 10
Денешните (16.05.2019) наоди од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот-Билјанини извори, спроведени од Центарот за јавно здравје од Охрид, покажуваат дека водата од изворите содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.
Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување. Центар за јавно здравје Охрид во континуитет ја следи состојбата со квалитетот на водата од Билјанини извори и навремено ќе ја известува јавноста.
Post Views: 2
Во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, денеска е прегазен пешак. Пешакот бил прегазен пред мостот „Гоце Делчев“, во близина на пешачкиот премин, по што починал на самото место. Според првичните информации, во пешакот удрил автомобил во движење.
Обвинител од скопското основно јавно обвинителство веќе извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за несреќата.
Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка „бе-ем-ве“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот...
Post Views: 1
Од денес во старата зграда на охридскиот пазар е отворена канцеларијата за комуникација со граѓаните на пратеничката Жаклина Лазареска.
Оваа канцеларија е отворена од Собранието на Република Северна Македонија, а со цел во неа пратеничката да остварува средби со граѓаните, да ги слушне нивните идеи, предлози и проблеми.
Канцеларијата ќе биде отворена секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, а средбите може да се закажуваат преку асистентка во канцеларијата.
Post Views: 2
„Просветните работници се мотивирачка сила, заедничка гордост, херои на ова време“, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија и упати честитка до своите колеги по повод 5-ти октомври, Меѓународниот ден на учителот. Божиновски воедно упати критика до власта и најави проекти за поквалитетно образование.
Најблагородната професија учител е исправена пред големи предизвици затоа што со последните неуспеси во образованието наставниците стануваат жртви на неуспешните реформи. Затоа ГАРАНТИРАМЕ...
Post Views: 1
Во рамки на активностите посветени на 5ти Јуни 2019, светскиот ден на животната средина како една исклучително значајна определба, во рамки на хуманата димензија и хуманите вредности во заштитата на животната средина, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Нашата животна средина наш генерациски долг“.
На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца со дела од поезија, проза и ликовна уметност.
Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во...
Post Views: 1
Екипите на „Јавно зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец” деновиве интензивно го уредуваат јавното зеленило во централното градско подрачје и приградските населби.
Се уредуваат крошните од дрворедите по улиците: „Партизанска”, „АСНОМ”, „Јане Сандански” и „Питу Гули” со цел подобра видливост и движење на возилата и пешаците.
Покрај тоа се реализираа акции за косење на тревата, подигање на зелен отпад и отстранување на ниската вегетација од пешачките патеки и тротоарите во „8.ма Урбана заедница” (населба Билјанини Извори), во с.Рача и ул. „Крум Точков”.
Согласно оперативната...
Post Views: 1
Екологистите очекуваат лоша оценка од УНЕСКО. Во јуни во Баку Охрид може да добие нови забелешки или во најлош случај да биде ставен на листа загрозени градови на Унеско, предупредуваат екологистите.Тие своите тврдења ги базираат на неспроведувањето на забелешките, од деветнаесетте забелешки упатени од реактивната комисија на Унеско не биле реализирани ниту десет. „Во јуни очекуваме да добиеме препорака со уште поголеми забелешки од УНЕСКО или Охрид ќе биде ставен во групата загрозени градови. Најверојатно некој во овој град и тоа го посакува. Не смееме да дозволиме...
Post Views: 0
MasterCard има намера да воведе мобилно плаќање со помош на препознавање на лицето, пригодно наречено “selfie-pay” и на тој начин дополнително да ја унапреди верификацијата на идентитетот при плаќање со мобилен телефон.
Спрема наводите на Financial Times, пилот проектот од овој вид на плаќање ќе биде воведен во Велика Британија откако веќе е достапен во САД и Холандија. Тамошните потрошувачи имаат можност на скенирање на својот отпечаток на прстот или фотографирање на лицето со мобилен телефон, односно правење селфи за да го потврдат идентитетот. Откако ќе заврши пилот...
Post Views: 7
Со училишната трка Атлетскиот клуб „Охрид трчат“ по трет пат ја стартуваше спортската манифестација. Охридските основци го означија почетокот на спортските трки. Денешната трка имаше добар одзив кај учениците и беше поделена во три категории. Некои од учениците трчаа прв пат, а некои веќе биле дел од манифестацијата „Охрид трчат“. Овој пат основците трчаа по градскиот кеј, а победниците на трката Зоран Стоески од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, Климент Филев од ОУ„Св. Климент Охридски“ , Владимир Пердулоски од ОУ „Живко Чинго “од Велгошти и Мандуле Далипоска од ОУ...
Post Views: 2
Најмалку 14 емигранти загинале во железничката несреќа која доцна синоќа, околу 22.30 часот се случи на железничката пруга меѓу Велес и Скопје, во близина на железничкото стојалиште „Пчиња“. Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем, пишува „Телеграф“.
Според досегашните сознанија на пругата во мигот кога налетал возот имало педесетина емигранти. Но, поради немањето доволно простор околу шините, истите не успеале да се засолнат.
До местото на несреќата може да се пристигне единствено по железнички пат. Кон местото се упатени медицински екипи, но поради...