MasterCard го шири тестирањето на плаќање со “селфи”

Искуствата со “selfie-pay” укажуваат дека “корисниците тоа го обожуваат”

 |  инфодеск  | 

MasterCard има намера да воведе мобилно плаќање со помош на препознавање на лицето, пригодно наречено “selfie-pay” и на тој начин дополнително да ја унапреди верификацијата на идентитетот при плаќање со мобилен телефон.

Спрема наводите на Financial Times, пилот проектот од овој вид на плаќање ќе биде воведен во Велика Британија откако веќе е достапен во САД и Холандија. Тамошните потрошувачи имаат можност на скенирање на својот отпечаток на прстот или фотографирање на лицето со мобилен телефон, односно правење селфи за да го потврдат идентитетот. Откако ќе заврши пилот фазата во овие три држави, MasterCard, ова лето, услугата ќе ја понуди уште во 14 други држави.

Оваа картична куќа континуирано инвестира во развој на нови технологии кои би требало да ја унапредат верификацијата на идентитетот при плаќање со мобилни телефони и останатите преносливи уреди.

Наводно, се работи на технологија во која картичните трансакции ќе ги потврдува со мерење на отчукување на срцето, а спрема зборовите на Ajaya Bhallа, претседателката за развој и безбедносни решенија во компанијата, MasterCard ја тестира и  можноста на препознавање на глас за да се елиминираат измами при плаќање со картичка.

Што се однесува на искуствата со “selfie-pay”, Bhalla вели дека “корисниците тоа го обожуваат”.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top