Post Views: 2
Се подготвува шестото издание на фестивалот „Вдиши театар“. Свеченото отворање е закажано за 12ти јуни. Фестивалот ќе го отворат младинците од театарската група при Црвен крст Охрид со перформанс и претставата „Домино“ во предворјето на црквата Св Софија.
„Претставта Домино е многу интересна претстава со тематика од секојдневието, и за младите и за возрасните, за сите љубители на театарската игра. Има и еден перфорнманс кој ќе ги поврзе сите оние содржини, сите претстави кои Црвен Крст ги одигра на досегашните пет изданија на Фестивалот Вдиши Театар, така што публиката...
Post Views: 0
Со три конференции, насочени кон размена на искуства и знаење за подобрување на квалитет на живот на семејствата кои се соочуваат со ретки болести, Здружението „Живот со предизвици“ викендов ќе одбележи 10 години од постоењето и делувањето на полето на застапување за правата на пациентите со ретки болести.
– Како здружение оваа година ја одбележуваме десеттата година од постоењето и делувањето на полето на застапување за правата на пациентите со ретки болести. По тој повод организираме три конференции, во периодот од 7-ми до 9-ти јуни, во хотел „Дрим“ во Струга заедно...
Post Views: 1
Виолета Петковска, професор по одделенска настава од ОУ „Кочо Рацин“, со постер презентација учествуваше на образовна конференција во Будва. Професорката по одделенска настава со својата креативност и посветеност е добитник на голем број меѓународни и државни награди за проекти, автор на 20 стручни трудови и 70 едукативни филмови. Петковска е дел од Асоцијацијата на најдобри наставници од поранешна Југославија и е единствен претставник од југозападниот дел на земјава. Од Будва се врати со уште еден сертификат за нејзината креативност, во низата меѓународни признанија...
Post Views: 0
Kiddle е новиот интернет пребарувач заснован на Google безбедно пребарување и наменет е исклучително за деца. Овој пребарувач резултатите ги рангира по безбедност и едноставност со која се пишувани страниците.
Првите три места се резервирани за чисти и безбедни линкови, следните четири за оние кои содржат едноставно напишана содржина разбирлива за деца, а од осмото место понатаму следуваат вообичаени резултати.
Kiddle не е производ на Google ниту е официјално лиценциран од Google, но користи механизми од Google пребарувањето со вклучени безбедносни филтери кои ги штитат...
Post Views: 3
Екстремните временски услови како невообичаено студени зими, поројни дождови со зачестени електрични празнења и подолги периоди на суша се појави кои ја загрозуваат нашата храна, нашето здравје и безбедноста на нашите домови. а од година во година стануваат се почести метео појави. Токму поради тоа потребно е активно вклучување на сите чинители во општеството за заеднични напори кон преземање поамбициозни активности насочени кон ублажување и прилагодување на климатските промени. Веќе е факт дека овој метео феномен не смееме да го игнорираме, а последиците од него се...
Post Views: 0
Избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, по вчерашните оставки на министрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски.
Премиерот Никола Груевски до законодавниот дом синоќа достави предлог за избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, седницата за избор на новите членови на Владата ја закажа за денеска во 13 часот.За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна...
Post Views: 0
На ден 10.06.2019 година со почеток во 11:00 часот, во зградата на Општина Охрид ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид.
Нa почетокот на наредната седмица градските советници ќе тѕреба да дадат зелено светло за одобрување на финансиска поддршка за реализација на проект „Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“. Најголем дел од дневниот ред на ова издание на седницата на совет го сочинуваат предлог програмите за измена на програмит, за поттикнување на развојот на туризмот,за активностите на општина Охрид во областа на...
Post Views: 0
Фудбалер на „Влазними“ нападнал фудбалски судија.
На 02.11.2014 година околу 15,30 часот на Градскиот стадион во Струга, при одигрување фудбалски натпревар помеѓу ФК„Караорман“ и ФК„Влазними“, откако судијата досудил пенал за домашната екипа, Б.И. – играч од ФК„Влазними“, станал од клупата за резервни играчи и го нападнал судијата, удирајќи го со тупаница во пределот на лицето. Во истиот момент, судијата го прекинал натпреварот.
По целосно расчистување и документирање на настанот против сторителот ќе следи соодветен поднесок.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Заврши тендерот кој го распиша Локалната за избирање најдобра понуда за дезинсекција на подрачјето на Охрид. Го доби фирма од Кавадарци која понудила толку ниска цена што стручните лица се вчудоневидени како воопшто ќе ги набави потребните средства за вршење на оваа не така едноставна постапка. Години наназад дезинсекцијата ја вршеше Центарот за јавно здравје од Охрид од каде и годинава се пријавиле на тендерот, но не го добиле поради според нив нелојалната конкуренција.
Ние секако дека приговаравме на самата постапка и на цената која беше понудена бидејќи со толку ниска...
Post Views: 10
Нема дилема дека Охрид ќе се најде на листата на загрозено светско наследство. Кога ќе се даде таква препорака таа понатаму и се усвојува од Комитетот на УНЕСКО и во овие околности таквата одлука е праведна, сметаат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Тоа праќа порака дека како држава сме потфрлиле, не сме направиле доволно да си го заштитиме единственото УНЕСКО подрачје кое е едно од ретките не само културни туку и природни заштитени богатства, вели вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест.
„Доколку го изгубиме статусот односно...
Post Views: 1
Ќе продолжиме да работиме за создавање на услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучувањето во општините. Работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво за лицата со попреченост и целосна интеграција на лицата со посебни потреби во општеството, кажа на денешната прес конференција Ристо Николески кандидат за советник од СДСм и Коалицијата.
Во таа насока отвораме Канцеларија за лица со посебни потреби во рамки на локалната самоуправа, која ќе има за цел да се грижи за потребите на оваа категорија граѓани на ниво на општината. Во канцеларијата...
Post Views: 1
Родот на црешите, праските, кајсиите, вишните е загрозен од дождот. Долготрајниот, дождлив период во охридскиот регион е неповолен за коскестото овошје. Врнежливото време, посебно го загрозува годинешниот род на црешата кој е во фаза на зреење, стравува Ванчо Стојаноски, одгледувач на цреша. Стојаноски, сепак, се надева дека временските услови ќе се подобрат, а овоштарите треба веднаш да почнат со прскање на стеблата.
„ Препорака до одгледувачите на коскестото овошје, посебно на црешата. Веднаш да го фатат првиот ден по влажниот период и да ги третираат овошките против...