Свикана дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид

На ден 10.06.2019 година со почеток во 11:00 часот, во зградата на Општина Охрид ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид.

 |   | 

На ден 10.06.2019 година со почеток во 11:00 часот, во зградата на Општина Охрид ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид.

Нa почетокот на наредната седмица градските советници ќе тѕреба да дадат зелено светло за одобрување на финансиска поддршка за реализација на проект „Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“. Најголем дел од дневниот ред на ова издание на седницата на совет го сочинуваат предлог програмите за измена на програмит, за поттикнување на развојот на туризмот,за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2019, за културни манифестации и творештво, за спорт и рекреација, за јавно осветлување, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за продолжување на работното време на угостителските објекти и друго.

Исто така ќе бидат рзрешени и именувани членови на управните и надзорните одбори на неколку јавни претпријатија, како и давање согласност на одлуката за изменување и дополнување на одлуката за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top