Дали Охрид летово ќе биде сардисан од комарци

Дали Охрид летово ќе биде сардисан од комарци. Тендерот кој го распиша Локалната за избирање најпогодна фирма која ќе врши дезинсекција на подрачјето на Охрид го доби фирма од Кавадарци која понудила толку ниска цена што стручните лица се вчудоневидени како воопшто ќе ги набави потребните средства за вршење на оваа не така едноставна постапка. Од Центарот за јавно здравје од Охрид бараат да им се даде овластување да ја контролираат целата постапка како не би дошло до некаква злоупотреба.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Заврши тендерот кој го распиша Локалната за избирање најдобра понуда за дезинсекција на подрачјето на Охрид. Го доби фирма од Кавадарци која понудила толку ниска цена што стручните лица се вчудоневидени како воопшто ќе ги набави потребните средства за вршење на оваа не така едноставна постапка. Години наназад дезинсекцијата ја вршеше Центарот за јавно здравје од Охрид од каде и годинава се пријавиле на тендерот, но не го добиле поради според нив нелојалната конкуренција.

Ние секако дека приговаравме на самата постапка и на цената која беше понудена бидејќи со толку ниска цена навистина е многу сомнително како ќе се испочитуваат сите оние барања, параметри и технички спецификации кои се побарани во тендерот за прскањето, вели Сашо Точков, директор на ЦЗЈЗ ОХРИД.

Точков вели дека оваа фирма веќе неколку години прави дезинсекција во Струга и резултатите се поразителни. СЕ доведува во прашање квалитетот на средствата со кои ја прави постапката.

Добиваат фирми приватни кои имаат вработени пензионирани стручни лица, но надзорот над тие фирми би требало да го врши јавна здравствена установа, вели Точков.

Инаку во текот на месец март направено е едно ларвицидно прскање на леглата на ларвите на комарците од Подмоље до Студенчишко блато од страна на фирма избрана на тендер на ниво на Македонија од Министерството за транспорт и врски, а под надзор на ЦЗЈЗ и 90% од ларвите се уништени. Планирано е уште една таква во текот на јуни, а дезинсекција од воздух треба да се прави барем три пати, овој месец, наредниот и во текот на септември. Точков потенцира дека ако тие не ја вршат постапката барем да се испочитува законот и центарот да ја контролира целата работа бидејќи може да се направи со несоодветни средства и на нестручен начин па ефектите да бидат лоши, а тука повторно губат граѓаните кои цело лето ќе бидат напаѓани од досадните комарци кои можат да бидат опасни и по здравјето бидејќи се преносители на заразни болести.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top