Post Views: 0
Председателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска , денеска имаше протоколарна средба со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. На средбата се разговараше за досегашната и можноста за продлабочување на идната соработка.
Амбасадорот Тимоние, покрај другото, потенцира дека без разлика каква одлука ќе биде донесена на конференцијата на УНЕСКО во Баку, неговата земја во иднина ќе ги подржува сите напори кои ќе бидат насочени кон заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион.
Post Views: 3
На летната сцена „Долни Сарај“ , синоќа свечено беше отворена манифестацијата „Денови за претставување на Бугарската култура, фолклор и традиција“. На фестивалот на кој присуствуваше и Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, во името на градот домаќин се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.
– Организаторите на манифестацијата, Здружението за култура и уметност „Арт Вивенди 2016“ од Охрид и Фондацијата „Жар-С“ со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, за третото издание...
Post Views: 3
Станува се поизвесна изградбата на фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер. Овој проект е одобрен уште во 2016 год., а минатата и оваа година интензивно се работеше на негово комплетирање. Моментално се прават калкулации дали еколошката фабрика за отпад ќе ја гради општината или приватни компании.До овој момент од Локалната самоуправа и ЈП Комуналец сите наши задачи се завршени. Чекаме на партнерот, Р.Грција кој ги обезбедуцва средствата да ја комплетира документацијата за проектот, вели Љупчо Грданоски- директор на ЈП „Охридски Комуналец“.Со изградбата на фабриката...
Post Views: 0
Шведската компанија Ericsson спровела интерно истражување во кое ги тестирале реакциите на луѓето на спора интернет врска. Иако истражувањето било спроведено на примерок од само 30 испитаници, мнозинството експерти се сложува дека резултатите би биле исти ако примерокот би бил далеку поголем. Значи, во денешно време кога интернетот на многу луѓе не им е никаков луксуз, туку дел од хабитусот неопходен за работа, па дури и за нормален живот иако на многумина оваа констатација би им звучела претерано. Воглавно, Ericsson тестирал испитаници и заклучокот е дека спориот интернет...
Post Views: 21
Училиштето „Григор Прличев“ годинава по втор пат беше домаќин на јазично театарски камп на кој учествуваа 60 деца на возраст од 12 до 16 години од партнерските училишта на Гете Институт во Македонија, Косово и Албанија. Во режија на двајца театарски педагози од Германија учениците го разработија и адаптираа романот за деца и млади Момо од Михаел Енде. Викендов во предворјето на црквата Св Софија ја изведоа завршната претстава „ Авантурите на Момо во Охрид“ што претставува спој на три различни култури и вредности кои ги негуваат учениците и младите
„Многу ни се важни...
Post Views: 4
Слободни и еднакви граѓани, плати кои ќе обезбедуваат пристоен живот, ефикасно јавно здравство и образование, преиспитување на спорните судски пресуди и враќање на украдените пари на државата и граѓаните.
Ова се дел од ветувањата на коишто ги најави лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните на граѓанскиот протест пред Владата. Во дел од своето обраќање Заев излезе со конкретни предлози и ветувања до граѓаните коишто се, како што рече, начела по кои се води опозицијата.„Македонија ќе биде пример на социјална држава којашто ќе се грижи за сите категории...
Post Views: 4
Граѓаните од денес ќе можат да добијат назад 15 проценти од платениот ДДВ за секоја сметка со која пазарувале. УЈП ќе ја спроведува во пракса новата реформа која според проценките годишно со оваа мерка по основ на вратен ДДВ кај граѓаните ќе бидат вратени 50 милиони евра. Граѓаните со поделени размислувања по стартот на проектот „Мој ДДВ“. Многумина слушнале но , не знаат како да постапат за да се вклучат во системто на УЈП, додека други не веруваат дека ќе им се враќаат париСо оваа даночна реформа на физичките лица за секоја сметка од пазарење, максимум со поединечна...
Post Views: 4
Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга ја одбележува триесетгодишнината од своето постоење.
Оваа организација е формирана во 1984-та година, од страна на група родители кои имаат деца со посебни потреби, конкретно со интелектуална попреченост и оттогаш непрекинато функционира. На почетокот Порака функционира како социјален клуб, во кој се одвивале одредени активности, дружења, екскурзии, за да во 2005-та година, со помош на Локалната Агенција за развој, Општина Струга, UNDP и...
Post Views: 2
Од денеска стапува на сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност со кој граѓаните ќе имаат право да вратат 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.
Граѓаните ќе имаат право да вратат 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.
Повратот на ДДВ ќе може да се оставри преку скенирање на фискалната сметка на апликацијата „Мој ДДВ“, која дозволува скенирање само на валидни фискални сметки....
Post Views: 2
Ниту Светската здравствена организација ниту Европскиот центар за контрола и превенција на болести немаат документирано болест или состојба позната како „вакцинален имунодефицитарен синдром“ (антиваксерските кругови уште го нарекуваат и ВАИДС). Истражувањето од Центарот за контрола и превенција на болести на САД покажува дека вакцините против ковид-19 го засилуваат имуниот одговор.
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека вакцинираните луѓе имаат имнунодефицитарен синдром.
И така почнува. ХИВ веке почна да се споменува по медиумите,...
Post Views: 0
Викендов се одржа IV-та Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј со почеток во 13 часот.
Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина...
Post Views: 2
За Охрид гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации, порача носителот на листа од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Сашо Донев. Тој најави изградба и реконструкција, опремување на спортските сали, фудбалски и тениски игралишта, организирање и субвенционирање голем број спортски настани и поддршка на спортските таленти.
Во насока на спортскиот развој и напредок за Охрид гарантираме:
ИЗГРАДБА НА НОВИ МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА во Велгошти, во Видобишта и на уште две локации.
ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ (4 ТЕРЕНИ ЗА БАСКЕТ, 4 ТЕРЕНИ ЗА...