Стапува на сила Законот за враќање на дел од ДДВ

Од денеска стапува на сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност со кој граѓаните ќе имаат право да вратат 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.

 |   | 

Од денеска стапува на сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност со кој граѓаните ќе имаат право да вратат 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.

Граѓаните ќе имаат право да вратат 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.

Повратот на ДДВ ќе може да се оставри преку скенирање на фискалната сметка на апликацијата „Мој ДДВ“, која дозволува скенирање само на валидни фискални сметки. Со скенирањето на баркодот системот на Управата за јавни приходи ги вчитува сите податоци од фискалната сметка, а незаконските компјутерски сметки системот нема да ги препознае.

Апликацијата ќе може да ја користи секое лице над 15-годишна возраст со важечка лична карта и трансакциска сметка, кое е регистрирано во системот на Управата за јавни приходи. Ќе важи само за граѓаните и за фискалните сметки до 30.000 денари, но не и за фактури и сметки со сметкопотврди.

– Со донесувањето на Законот, физичките лица ќе имаат право на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, при што тие самите на некој начин ќе бидат инспектори, односно ќе бараат да им се издадат фискални сметки. Поради тоа се очекува и зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници, стои во образложението на Законот.

Највисокиот износ на поединечна фискална сметка за која може да се оствари правото на враќање на данокот е ограничен на 30.000 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top