Граѓаните со поделени размислувања по стартот на проектот „Мој ДДВ“

Многумина слушнале но , не знаат како да постапат  за да се вклучат во системто на УЈП, додека други не веруваат дека ќе им се враќаат пари. Од УЈП  ветуваат помош на граѓаните. Поставени се во организационите единици киоск-апарати, бар-код читачи и паметни телефони преку кои ќе се скенираат фискалните сметки на граѓаните. 

 |  Валентина Неловска  | 

Граѓаните од денес ќе можат да добијат назад 15 проценти од платениот ДДВ за секоја сметка со која пазарувале. УЈП ќе ја спроведува во пракса новата реформа која според проценките годишно со оваа мерка по основ на вратен ДДВ кај граѓаните ќе бидат вратени 50 милиони евра. Граѓаните со поделени размислувања по стартот на проектот „Мој ДДВ“.
Многумина слушнале но , не знаат како да постапат за да се вклучат во системто на УЈП, додека други не веруваат дека ќе им се враќаат пари
Со оваа даночна реформа на физичките лица за секоја сметка од пазарење, максимум со поединечна вредност до 30.000 денари, ќе им се враќаат 15% од платениот ДДВ. За сметка во вредност од 1000 денари за која се плаќа 180 денари ДДВ, државата ќе врати 15% или 27 денари.
Граѓаните со наполнети 18 години кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи ќе имаат можност за поврат на 15 отсто од ДДВ . Тие ќе треба да ги земат фискалните сметки на продажните места и да ги скенираат со помош на мобилен телефон и да ги испратат на апликацијата. Директорот на УЈП , Сања Лукареска, на денешната прес конференција појасни дека граѓаните може да ја преземат апликацијата на веб-страницата на УЈП со истиот меил и лозинка како и за електронската даночна пријава. УЈП за да им излезе во пресрет на граѓаните кои ќе имаат проблем со апликацијата, на 36 места во организационите единици постави киоск-апарати, бар-код читачи и паметни телефони преку кои ќе се скенираат фискалните сметки на граѓаните. Вработените се на располагање за да одговарат на кое било прашање и да помогнат“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Лукареска кажа дека со оваа мерка се очекува намалување на сивата економија, бидејќи граѓаните ќе купуваат таму каде што издаваат валидни фискални сметки и ќе ги натераат даночните обврзници да издаваат сметки.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top