Post Views: 1
Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Д.У.(26) од с. Корошишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 18.07.2014 година при претрес во неговиот дом од страна на полициски службеници беа пронајдени и одземени 389 парчиња муниција калибар 7,62 мм долго зрно наменети за огнено оружје автоматска пушка.
„На 18-ти јули оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 389 парчиња муниција калибар 7,62 мм долго...
Post Views: 0
Националната опера и балет и оваа година ќе биде дел од програмата на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ со Гала оперски концерт на вечер со почеток во 21 часот, во катедралната црква Св. Софија.
Настапуваат солистите на Националната опера и балет: Весна Ѓиновска Илкова, Борис Трајанов, Благој Нацоски, Наде Талевска, Ирена Кавкалевска, оркестарот на НОБ под диригентска палка на Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Климент Тодорски.
На фестивалот „Охридско лето“ редовни гости се солистите, диригентите и ансамблите на Националната опера и балет. Впрочем, првиот настан...
Post Views: 4
Нодамна во Општина Дебрца се одржа обука за зачувување и одржлив развој на Белчишко Блато (Сини Вирој). Обуката е во рамките на проектот Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој), кој го спроведува здружението „Екотуризам 2016“ и канцеларијата на UNDP, Скопје, а финансиран од ЕУ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање. На обуката присуствуваа претставници од општина Дебрца и засегнати чинители од областа на блатото.
Проектниот раководител Ѓоко Зороски и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески...
Post Views: 0
По лесната победа во минатото коло над екипата на Скопје, во Охрид утре доаѓа вториот фаворит во суперлигата Еурофарм Пелистер. Битолчани имаат подобар ростер на играчи и е една од двете екипи во Македонија кои со право можат да сметаат на бодови во Охрид. Нивната игра најмногу зависи од средниот бек Периќ, покажале видео анализите на стручниот штаб, па скроена е тактика со која гладијаторите се надеваат дека ќе можат пријатно да изненадат.
Еурофарм има доста квалитетни и искусни играчи. Тие се фаворити на овој натпревар. За нас тоа е голем мотив и плус за напредување...
Post Views: 0
Реализам, хиперреализам, надреализам, „Dots&lines”, „water color”, маори, тајбал, се само дел од стиловите на тетоважи кои ги изработува охридскиот тату уметник Маја Грашаровска. Таа со своето студио за тетоважи „Хаџи Тату“, на неодамна одржаната тату конвенција во Скопје освои две меѓународни награди. Во конкуренција од 50 тату уметници таа освои прва награда во категоријата Маори и втора вво категоријата големи бои. Покрај македонски tattoo артисти на конвенцијата учествуваа и артисти и студиjа од нашите соседни земји како и од Романија,Италија и Германија. Грашаровска...
Post Views: 5
Оштетени коли од откорнати дрвја, превртени и искршени камп приколки, како и оштетувања на кровни конструкции од станбени објекти е епилогот од 20 минуитното невреме кое го зафати охридското крабржје пред неколку дена. Претставници од локалната самоуправа го посетија погодениот реон на потегот од Градиште до Св Наум. За среќа, констатирале помали оштетувања од ветерот кој дувал со брзина од 140 до 150 км, информира Томе Нанески од Фондот за комунален развој.
„ Констатирано е дека најголеми штети има на дел од кампот Љубаништа и кампот Св. Наум и за среќа нема повредени....
Post Views: 5
Православните христијани денес го слават споменот на светите апостоли Петар и Павле, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости.
Празникот е познат кај народот како Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.
По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова...
Post Views: 2
Адел е дефинитивно една од највлијателните личности на шоу-бизнис сцената, па не зачудува што нејзината порака одекна ширум светот.
Славната пејачка ѕвезда која ги руши сите рекорди, Адел, минатата вечер одржала концерт во Лондон. Таа на кратко ги прекинала своите хитови за да се обрати на публиката во салата, но и на сите обожуватели ширум светот. По терористичкиот напад во Брисел, во кој загинаа 34 лица и ја разбесни Европа и остатокот од светот, па така и пејачката почуствувала потреба да прати порака до терористите.
“Е…. се терористи! Ние сме обединети и затоа...
Post Views: 1
Педесет и деветтото издание на фествалот „Охридско лето“ ќе биде отворено вечерва, на 12 јули, со спектакуларен концерт на светски популарната виолинистка Ванеса Меј што ќе се одржи на Антички театар во Охрид со почеток во 21 часот.
Мегапопуларната Ванеса Меј ќе приреди неповторливо доживување за љубителите на уметноста за кое, се бара карта повеќе.
Ванеса Меј е родена во Сингапур на истиот ден со виртуозот на виолина Николо Паганини. На четири годишна возраст се сели во Лондон и започнува да учи виолина за на 8 години да замине во Пекинг. Таму ги развива талентот и...
Post Views: 6
Ќе се следи квалитетот на водата во Преспанското Езеро преку мониторинг станицата во Преспа која ќе има за цел обезбедување на квалитет на водата и во Преспанското но индиректно и во Охридското Езеро.
Според Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, оваа станица е од големо значење бидејќи примероците на вода ќе бидат директно следени со брод односно лабораторија која се наоѓа во Преспанското Езеро и директно анализирани во мониторинг станицата.
„Тие анализи и резултати ќе покажат кои мерки ќе треба во иднина да се преземаат и на преспанската...
Post Views: 5
Започна „КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 до 12“. Во период од речиси два месеци, гостите од земјата и странство, како и охриѓани ќе имаат можност да уживаат во квалитетна културно уметничка програма, а и ќе видат какви млади и креативни луѓе има во овој град. Јован Цветкоски еден од организаторите на алтернативното културно лето, кажа дека целата идеја е да се подигне културната свест кај граѓаните со цел поголема интеракција со туристите кои престојуваат во шпицот на сезоната.
„Сакавме едноставно во шпицот на сезонава кога е полн градот во јули и август кога Охрид најмногу...
Post Views: 2
Утре во 19 часот, во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци”иницијативата за основање на локален младински совет во Струга организира настан „Младинско будење“ преку кој младите од општина Струга на креативен начин и различни активности ќе можат да го искажат своето мислење за младиските проблеми на кои тие наидуваат.
Оваа акција е дел од проектот“Развој на локално младинско учество и локални младински политики ” на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.
На настанот ќе има табла на којашто младите ќе можат...