• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Продолжува музичката програма на „Охридско лето“, гала концерт на Националната опера и балет

Продолжува музичката програма на „Охридско лето“, гала концерт на Националната опера и балет

Националната опера и балет и оваа година ќе биде дел од програмата на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ со Гала оперски концерт на вечер со почеток во 21 часот, во катедралната црква Св. Софија.

 |   | 

Националната опера и балет и оваа година ќе биде дел од програмата на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ со Гала оперски концерт на вечер со почеток во 21 часот, во катедралната црква Св. Софија.

Настапуваат солистите на Националната опера и балет: Весна Ѓиновска Илкова, Борис Трајанов, Благој Нацоски, Наде Талевска, Ирена Кавкалевска, оркестарот на НОБ под диригентска палка на Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Климент Тодорски.

На фестивалот „Охридско лето“ редовни гости се солистите, диригентите и ансамблите на Националната опера и балет. Впрочем, првиот настан на „Охридско лето“ на 4 август во далечната 1961 год. е солистичкиот концерт на нашата оперска примадона Aна Липша – Тофовиќ – мецосопран. Тој податок кажува доволно за посветеноста и респектот што ансамблите на Националната опера и балет го имаат кон фестивалот „Охридско лето“.

Националната Опера и Балет опстојува во континуитет веќе 72 години. Своите почетоци ги реализира со тогашните расположиви професионални кадри, надополнети преку аудиции со членови од аматерските оркестарски и хорски ансамбли. Основана е во 1947 година во рамките на тогашниот Македонски народен театар, кој сѐ до 2004 г. имаше три ансамбли: драма, опера и балет. Со акт на Владата на Република Македонија, официјализирана е како самостојна Национална установа во 2004г. со назив: Национална установа „Македонска опера и балет“, а од минатата година преименувана во Национална установа, „Национална Опера и Балет“, со седиште во Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top