Стружанец заработи кривична за тргување со оружје

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Д.У.(26) од с. Корошишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

 |  Голабовски Крсте  | 
municija
Муниција

муницијаПолициската станица Струга поднесе кривична пријава против Д.У.(26) од с. Корошишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 18.07.2014 година при претрес во неговиот дом од страна на полициски службеници  беа пронајдени и одземени 389 парчиња муниција калибар 7,62 мм долго зрно наменети за огнено оружје автоматска пушка.

„На 18-ти јули оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 389 парчиња муниција калибар 7,62 мм долго зрно наменети за огнено оружје автоматска пушка. Муницијата била сокриена во најлон кеси на дното на саксиите со цвеќе поставени во дворот пред влезната врата од семејниот дом. Во црвена најлонска кеса имало 188 парчиња, а во жолта вкупно 201 парче муниција за автоматска пушка. Истите се затекнати   полиени со  вода останата над површината на земјата во саксиите“, информираат од СВР Охрид.

Одземеното оружје е предадено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје од каде, по извршените анализи утврдено е муниција со калибар 7,62 милиметри е во исправна состојба и потекнува од македонско, југословенско, кинеско, бугарско и германско производство и е наменета за автоматско оружје како и митролези со наведениот калибар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top