drven most

Трибина за дрвениот мост во Струга

Post Views: 0 Кај ни е мостот, дали ни треба, запрашаа стружани на денешната трибина, која ја организираше Центарот на заедницата на општина Струга. Станува збор за мостот изграден 1987 година оној кој се наоѓа меѓу централниот и мостот на поезијата или мостот на љубовта како што го нарекуваат стружани. Најпрво модераторот Христијан Томаноски одржа говор за значењето на мостовите. „Мостови меѓу брегови мостови меѓу живи и меѓу светови се е тоа едно исто бескрај кој одавна постои го знаат тоа жителите на градот бидејќи уште од палавите детски години ги носат со себе секаде по светот,...

Continue reading

Стоилковски: Усеини отвора Дивоградба, а „Нефи ИК“ се пријавува да руши дивоградби!

Post Views: 9 Зоран Заев и неговиот клан продолжуваат секојдневно да го понижуваат народот. Како што беше Заев осомничен за Поткуп, а Зоран судски реформатор, така советникот од ДУИ Усеини отвора Дивоградба, а „Нефи ИК“ се пријавува да руши дивоградби! – кажа денеска на пресконференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.„Заев најавува дека градењето на диво е сопрено, а негови градоначалници ги отвораат! (МЕРКО БЕШЕ И МИНИСТЕР НЕЛИ? Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците во Собрание пратија друг! Тука градоначалникот прво вели немам капацитет за толку...

Continue reading

Омикрон не е лага, туку потврдена варијанта на коронавирусот во 63 земји во светот

Post Views: 3 Наспроти невистините што ги шири оваа објава на Фејсбук, во Африка не само што има утврдено присуство на коронавирусот, туку од ковид-19, според податоците од СЗО,  досега заболеле 6. 564.819 милиони луѓе, а починале 153.808 лица. Официјалните податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани во Африка е многу низок и изнесува 7,3 отсто и таму досега целосно се вакцинирани околу 101 милион луѓе. Новата варијанта на коронавирусот – омикрон, беше пријавена до СЗО на 24 ноември, а за првпат беше откриена кај примероците собрани на 11 ноември во Боцвана. Европскиот центар...

Continue reading

Антикорупциска: Фирма на советникот Усеини или негови блиски лица не смее да добива тендери од Општина Охрид

Post Views: 5 Државната комисија за спречување на корупција денеска укажа дека фирма на советникот од ДУИ Нефи Усеини не може да има деловна соработка со општина Охрид каде тој е член на градскиот совет. „Фирма што е во сопственост на лицето Нефи Усеини, или во сопственост на негови блиски лица, не може да воспостави деловни односи со Општина Охрид, каде истото лице е член на совет. Доколку, службеното лице постапи спротивно на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи“, – велат од антикорупциска повикувајќи...

Continue reading

Ангелоска : Продолжуваме да работиме на подобрување на условите во градинките и училиштата

Post Views: 8 Кандидатката за член на градскиот совет од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Живка Ангелоска на прес конференција се осврна на грижата за децата од предшколска и школска возраст. Таа потсети на активности реализирани од досегашната локална власт, како реконструктивните зафати во Централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“ и клоновите „Развигорче“, „Росица“ и „Билјана“, како и изградбата на детските игралишта на патеката кон „Горица“, во ОУ „Григор Прличев“, во населба „Радојца Новичиќ“, во населба „Воска“ и реконструкцијата на дел од постоечките...

Continue reading

Атлетичарот Јован Стојоски го подигна рејтингот на атлетскиот клуб Охрид

Post Views: 6 Јован Стојоски од АК Охрид на Европското првенство во Шведска, за прв пат во историјата македонската атлетика се пласира во финале и го освои 6 -то место на 400 метри. На сениорскиот куп во Охрид, охридските атлетичари во машка конкуренција се пласираа на 2, а жените на 3 место. Последните спортски резултат на атлетичарите даваат надеж дека охридската атлетика нема да згасне. Атлетичарот Стојоски дојде од клубот Црвен ѕвезда од Белград и ги мотивира останатите охридски атлетичари да не заминат од клубот и го подига рејтингот на клубот, вели Пецо Неданов претседател на...

Continue reading

Ново лето, стара слика

Post Views: 12 Ново лето, стара слика. Повторно дивите продавачи на бостан со камиони доаѓаат и се лоцираат на разни места низ градот продавајќи ги своите производи на диво, во несоодветни хигиенски услови и најчесто без фискална сметка. Оваа појава се провлекува години наназад, но никако да се реши.Тука треба инспекциските служби да интервенираат бидејќи секој има своја надлежност, во некои случаи треба и полицијата да интервенира, а и пазарната инспекција бидејќи најчесто овие продавачи немаат регистрирано фирма, вели Кристина Крлеска Деспотоска, директор на ЈП „Градски пазар“. Од...

Continue reading

Црвен крст Охрид дел од кампањата за освежување на знаењата кај возачите за давање прва помош

Post Views: 3 Црвен крст Охрид ќе биде дел од кампањата за подигнување на јавната свест и освежување на знаењата кај возачите за давање прва помош. – Црвен крст е организација која меѓу другото, работи и на унапредување и заштита на здравјето на граѓаните. Како една од многуте дејности кои ги покрива нашата организација, е и првата помош. Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Црвениот крст изведува настава за прва помош за кандидати за возачи на моторни возила. Црвениот крст активно ја следи состојбата поврзана со сообраќајните незгоди во државата. Податоците...

Continue reading

Бриселските терористи имале многу поопасен план

Post Views: 0 Терористите на Исламската држава кои ги извршија нападите во Брисел, има сомнежи дека планирале да украдат радиоактивен материјал од нуклерната електрана за да направат таканаречена “валкана” бомба. Има сомнежи дека тие имале помош одвнатре поради што 11 вработени се под истрага, пишуваат медиумите. Да потсетиме, нуклеарката, која се наоѓа на 60 километри од Брисел, била евакуирана нешто подоцна по експлозиите на бриселскиот аеродром и метро. Истражителите се сомневаат дека поради полициските акции и апсењето на Salah Abdeslam, терористите го смениле планот во последен...

Continue reading

Доброволните членови во вториот пензиски столб ќе имаат избор дали да останат или да се префрлат во Фондот на ПИОМ

Post Views: 8 Повозрасните членови кои го избрале вториот пензиски столб имаат рок до 30 септември да дадат согласност дали остануваат или го раскинуваат членството. Ова следи по измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Доколку не се изјаснат во предвидениот рок од 1 октомври 2019 година друштвото ќе ја затвори нивната индивидуална сметка и ќе го пренесе вкупниот износ на средствата во Фондот на ПИОМ.Членот ќе остане осигуреник во Фондот на ПИОМ. Од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информираат дека...

Continue reading

Од Македонија нелегално изнесени 5,2 милијарди долари

Post Views: 2   Мерката на швајцарската Влада доаѓа по барање на Европската унија, а оваа одлука е реакција на Швајцарија на големиот број на барања од страна на Франција, Германија, Русија, Индија и уште неколку држави кои барале дополнителни информации за можните затајувачи на данок.Засега не е познато дали на листата има и македонски државјани, но дел од познавичите во оваа област велат дека очекуваат дека на списокот има и лица од Македонија, кои според експертите закононски треба да одговараат и во матичната земја и во Швајцарија. Но, Меѓународниот конзорциуим за истражувачко...

Continue reading

ЗАПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА ПРЕМИУМ ЗОНАТА ЗА НАПЛАТА НА ПАРКИНГ

Post Views: 0 ЈП „Билјанини извори” ја известува јавноста дека започна да функционира премиум зоната за наплата на паркинг, уврдена со одлука на Советот на Општина Охрид број 08-8533/26 од 10.06 2019 година. Премиум зоната се применува на сите јавни паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање на улица „Македонски Просветители” од пресекот со улица „Партизанска” до потегот на кружниот тек на плоштадот. Исто така ЈП „Билјанини извори” ги информира граѓаните на стариот дел на градот дека од денес 15-ти јули ставен е во функција електронскиот систем за влез и излез со помош на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top