Трибина за дрвениот мост во Струга

Отстранувањето на традиционалните елементи во Струга е најлошото нешто што може да се случи во една општина како што е тоа градот на мостовите. Дрвениот мост беше дел од таа приказна со несреќен крај, кој пропадна поради недоволна грижа на минатата власт. Ова беше кажано на денешната трибина во Струга посветена на некогашниот мост кој се наоѓа меѓу централниот и оној на поезијата. Градоначалникот Зијадин Села оптимист, верува дека до крај на неговиот мандат ќе изгради нов мост.

 |  Николоска Биљана  | 
drven most
дрвен мост

drven mostКај ни е мостот, дали ни треба, запрашаа стружани на денешната трибина, која ја организираше Центарот на заедницата на општина Струга. Станува збор за мостот изграден 1987 година оној кој се наоѓа меѓу централниот и мостот на поезијата или мостот на љубовта како што го нарекуваат стружани. Најпрво модераторот Христијан Томаноски одржа говор за значењето на мостовите.

„Мостови меѓу брегови мостови меѓу живи и меѓу светови се е тоа едно исто бескрај кој одавна постои го знаат тоа жителите на градот бидејќи уште од палавите детски години ги носат со себе секаде по светот, имињата на своите мостови и по нив ќе живее и се ќе надживее сеќавањето бидејќи е посилно од секоја градба“

Раководителот на Секторот за урбанизам Ресул Хани, истакна дека изградба на дрвениот мост во Струга во 1987 година било нешто добро што му се случило на градот, но претрпел многу лоши дела кои се за критика. Градењето на овој мост претставуваше традиционална архитектура, додава Хани

sela„Но периодот кога беше тука мостот беше краток, овој мост успеа да стане симбол на градот но каде беше лошото во цела добра работа, јас незнам што се случило во првите години но за да се зачува овој мост требало многу малку средства да се дадат, се знае дека дрвото ако добро не се зџачува тоа и ќе се распадне“.

Нема враќање назад истакна градоначалникот на општина Струга Зијадин Села. Тој сосема е согласен со  раководителот на секторот за урбанизам и рече дека ако тој се прашувал во 2011 дали треба или не да се демонтира дрвениот мост тој се ќе направел истото да не се случи.

„Нашиот претседател на општината се јавуваше на новинарите да им забрани да го снимаат демонтирањето на мостот, јас работам на тоа секој да го каже тоа што го мисли, јас, што се однесува до мостот ќе работам и верувам дека истиот ќе го направиме, не истиот мост туку нешто подобро“

Висечкиот, маларичниот, железничкиот, чаршискиот мост се дел историјата на градот на мостовите како што ја нарекуваат Струга бројни поети. Во овој град останаа чаршискиот, мостот на магистралниот пат, на устието на реката Дрим, на поезијата, оној на место на маларичниот како и делови од дрвениот мост кој во 2011 беше демонтиран.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top