• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Ангелоска : Продолжуваме да работиме на подобрување на условите во градинките и училиштата

Ангелоска : Продолжуваме да работиме на подобрување на условите во градинките и училиштата

Продолжуваме да работиме на подобрување на условите во градинките и училиштата, бидејќи воспитувањето и образованието на децата се најважните работи во едно општество, кажа кандидатката за член на градскиот совет од СДСМ и Коалицијата, Живка Ангелоска.

 |   | 

Кандидатката за член на градскиот совет од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Живка Ангелоска на прес конференција се осврна на грижата за децата од предшколска и школска возраст. Таа потсети на активности реализирани од досегашната локална власт, како реконструктивните зафати во Централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“ и клоновите „Развигорче“, „Росица“ и „Билјана“, како и изградбата на детските игралишта на патеката кон „Горица“, во ОУ „Григор Прличев“, во населба „Радојца Новичиќ“, во населба „Воска“ и реконструкцијата на дел од постоечките игралишта.

Продолжуваме да работиме на подобрување на условите во градинките и училиштата, бидејќи воспитувањето и образованието на децата се најважните работи во едно општество. Преземаме конкретни мерки за намалување на листите на чекање за упис во градинка. Подготвуваме анализа на потребите и ги прошируваме капацитетите на сите објекти на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Изготвуваме проекти за реконструкција на сите објекти на градинката и проект за изградба на нов објект за сместување на деца, по сите современи стандарди. Планираме набавка на нова опрема и нагледни средства, со цел нашите дечиња да имаат пријатен престој и соодветно згрижување. Подготвуваме програма за подобрување на условите за исхрана во градинките и училиштата.  Во насока на подобрување на условите за забава и рекреација за најмладите, предвидуваме изградба на нови детски игралишта во секоја населба и село во општината.“ – кажа Ангелоска.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top