Post Views: 4
Кога се продава интернет џин како што е Yahoo тогаш секако дека потенцијални купци се исти такви џинови.
Некогаш Yahoo беше синоним за интернетот и сите услуги кои се користат на него. Иако звучи неверојатно, во тоа време Google не беше ниту во пелени, бидејќи Yahoo е основан во 1994 година а Google четири години подоцна. Но, староста и присутноста на пазарот никогаш не биле гаранција за опстанок или за задржување на доминантната позиција. И додека Yahoo воглавно тонеше, Google растеше и денес практично се неспоредливи кога е во прашање глобалното влијание на користење...
Post Views: 7
Преговорите за Тибет со пратениците на Далај Лама беа неуспешни, соопшти денеска официјален Пекинг, додавајќи дека Кина никогаш нема да отстапи во врска со прашањето за статусот на регионот.
„Контактите и разговорите не доведоа до напредок по ова прашање и духовниот водач на Тибетанците треба да ја преземе целата одговорност за тоа. Заклучивме дека единството на нашата татковина, нејзиниот територијачен интегритет и националното достоинство се најважни за кинескиот народ и никогаш нема да отстапиме од тоа“, изјави високиот претставник на кинеската Комунистичка партија,...
Post Views: 0
Со ребалансот на Буџетот за 2019 година Владата на Република Северна Македонија ќе издвои, 183 милиони денари за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно потребите за УНЕСКО и природните потреби за заштита на Охридското Езеро.
На почетокот на ова лето премиерот Зоран Заев најави реконструкција и доградбата на колекторскиот систем. За таа цел е формирано државното претпријатие „Колектор“.
На крајот од годинава треба да започне санацијата на колекторскиот систем во Охрид. Од владата ветија дека ќе се поправат сите пумптни и пречистителни станици, со...
Post Views: 0
“Електронски и теренски ќе се собираат податоци за да се спроведе попис на населението во Македонија, за да нема сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект”, најави премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање од Роза Топузова Каревска.
Подготовките за спроведување на пописот се одвиваат во две насоки и тоа за електронско поврзување на матичните евиденции за во најголем дел пописот да биде електронски и во таа насока веќе има резултати, како и подготовки...
Post Views: 6
Бројот на децата кои загинаа при уривање на училиште во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс е 90, јавија локалните медиуми.
„Голем број од жртвите остануваат затрупани под урнатините. Камерите откриваат тела под урнатините, но не можеме да ги извадиме, бидејќи е тешко“, изјави претставник на спасувачките тимови.
Сопственикот на училиштето беше уапсен. Дел од родителите и локални лица го обвинуваат дека го изградил и проширил училиштето без потребните дозволи.
Три дена по трагедијата точниот број на ученици што се под урнатините не може да се прецизира. Околу 150 деца...
Post Views: 2
Охридските угостители против уривањето на платформите во езеро. Велат немаат штетно влијание врз природата, а општината, иако се дивоградби треба да изнајде начин да им ги легализира. Своето барање го правдаат со тоа што плаќаат даноци, закуп, комунална и урбана такса и имаат вработени. Рушење на атрактивни тераси, каде гостите уживаат во неповторлив амбиент покрај синото езеро ќе предизвика непроценлива штета врз туризмот и економијата, вели еден од најстарите угостители во Охрид Љупчо Патчев.
„Да се урнат платформите тоа е сосема погрешна политика за градот...
Post Views: 0
Во рамките на проектот “Влијанието на жените во политиката на локално ниво во Република Македонија” истражувачката организација Реактор-Истражување во акција, во соработка со Националниот демократски институт(НДИ) и со поддршка на Француската Амбасада во Македонија организираат шест консултативни работилници.
Една од работилниците ќе се одржи во сабота 28ми Март, во просториите на хотел Дрим.
{loadposition content9}
Post Views: 10
Ураганот Палома, кој се движи кон Кајманските Острови и Куба, достигна трета категорија според Сафир-Симпсоновата скала, соопшти американскиот Национален центар за урагани.
Според Центарот, ветерот во жариштето на ураганот дува со брзина од 185 километри на час. Ураганот се движи кон запад со брзина од девет километри на час.
Властите на Куба веќе прогласија вонредна состојба во централните и источните делови на земјата и започнаа со подготовка на собрни центри за евекуација на населението.
Палома е третиот ураган што се очекува да ја погоди Куба во последниве два...
Post Views: 1
Синоќа во 93тата година од животот , почина Милица Марковска, професор по историја во пензија и истакната граѓанка на Охрид, носителка на ордени, медали и награди за својата педагошка работа и општествени активности.
Милица Марковска e родена во с. Јанковец , Ресен во 1926 година. Учела во Битолската гимназија , а завршила во Пожаревац во 1944 година. Виша педагошка школа и Филозофски факултет, група историја , завршила во Скопје во 1956 година. Како професор по историја првото веработување и било во Женската гимназија во Скопје а потоа целиот свој работен век го поминала...
Post Views: 3
Вонреден самит на лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) посветен на глобалната финансиска криза започна денеска во Брисел.
Европските лидери настојуваат на самитот да изнајдат заеднички став со кој што ќе излезат на светскиот самит на Г20 посветен на реформите во глобалниот финансиски состав, што идната седмица ќе се одржи во Вашингтон.
„За да отидеме во Вашингтон со заеднички став треба да се сослуша секој“, изјави пред почетокот на самитот францускиот претседател Николас Саркози, чија што земја претседава со ЕУ.
Германската канцеларка Ангела Меркел оцени...
Post Views: 7
Наскоро охридските советници ќе одлучуваат за затворање на депонијата Буково и формирање на ново јавно претпријатие. Министерството за животна средина и просторно планирање има решение за депонијата Буково која според препораките на Унеско требаше да биде затворена пред една година. Досега, пропаѓаа неколку обиди да се најде најсоодветна локација за изградба на регионална депонија според светски стандарди. Градоначалникот Кирил Пецаков напоменува дека на повидок е трајно решение за депонијата Буково. Треба да се формира јавно претпријатие за Југозападниот регион. Според...
Post Views: 6
По успешната прва реализација на програмата „Млади лидери создаваат иднина“, Црвен крст Охрид најавува нов циклус на спроведување на оваа програма за млади.
Програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Црвен крст Охрид ја нуди оваа програма со цел да им овозможи на младите охриѓани да ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери да земат учество во живеењето на заедницата, како и да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери.
Во текот на петнаесет...