Се зголемува бројот на ново регистрирани фирми во земјава

Post Views: 2 Расте бројот на новорегистрирани бизниси на средни и мали претпријатија во државава. Од Републичкиот Централен регистер се задоволни како се користат во пракса услугите од нивниот нов проект Е- регистрација и Е- поднесување на пријави за отворање на сопствен бизнис, напоменува директорот на ЦР Марија Бошковска Јанковски. „Во 2018 се регистрирани 4500 нови субјекти. Тоа е доволен знак дека е подобрена бизнис климата во државата за разлика од изминатите години каде што била помала бројката од тие 4500 субјекти. Според нашите мерења бројот е зголемен за најмалку 1000 нови...

Continue reading

logo

ЕЦБ не ги смени каматните стапки

Post Views: 0 Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа клучните каматни стапки на постоечките два отсто, додека британската централна банка Bank of England (БоЕ) ги намали на рекордно ниски еден отсто. ЕЦБ не ги смени каматите и покрај знаците за нагло забавување на активностите во најголемата европска економија и лизгањето на стапката на инфлацијата во еврозоната уште подлабоко во однос на „близу, но под два отсто“, што е целта на Банката. Минатиот месец ЕЦБ ги намали каматите за половина процент. БоЕ од Лондон соопшти дека петти месец по ред ги намалува каматните стапки и тоа...

Continue reading

Државниот секретар на САД Мајк Помпео пристигна во Охрид

Post Views: 0 Попладнево, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пристигна државниот секретар на САД Мајк Помпео, кој ќе престојува во официјална посета на нашата земја. Тој беше пречекан од министерот за надворешни работи Никола Димитров со највисоки државни почести и со силно обезбедување. Американскиот државен секретар денеска во Охрид се среќава со државниот врв, односно на одделни средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев. Како што претходно соопшти Стејт департментот, Помпео уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е исклучителен и храбар...

Continue reading

Кипар

Турција не може во ЕУ додека не се повлече од Кипар

Post Views: 1 Турција не може да влезе во Европската унија (ЕУ) се додека во северниот дел на Кипар се наоѓаат нејзини војници, рече кипарскиот претседател Деметрис Христофиас. „Турција не може да стане членка на ЕУ се додека го окупира Кипар“, рече Христофиас во изјава за новинарите. Кипар е етнички поделен по турската инвазија во 1974 година. Турција во северниот дел на островот има околу 30 илјади војници, а т.н. тампон зона е под надзор на Обединетите нации. Тоа е една од најдолгите мировни мисии во светот.       {loadposition content9}

Continue reading

Претседателот Пендаровски во Црвена вода на одбележувањето на Денот на Манифестот до македонскиот народ од 1943 година

Post Views: 0 Со низа свечености и голем народен собир во селото Црвен Вода, Општина Дебрца се одбележа 3ти октомври  Денот на Општината како и 76годишнината од донесувањето на Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ. На собирот свое обраќање имаше претседателот на државата и врховен командант, Стево Пендаровски, кој потсети на славната историја на Дебрца, каде се раѓаше слободата и државноста во времето на Народноослободителната војна. Тој нагласи дека токму на денешен ден пред 76 години во Црвена Вода е донесен  Манифестот на Главниот штаб упатен до македонскиот народ кој ги исцртал...

Continue reading

Застана со работа најголемата машина на светот

Post Views: 6 Најголемата машина на светот вредна 4,6 милијарди долари, големиот хадронски удирач или трагач по таканаречената божја честичка, која се наоѓа во швајцарскиот CERN застана со работа откако мала ласица се вовлекла во неа и го прегризала струјниот кабел. При тоа ласицата настрадала од ударот на 66.000 волти напон од трансформаторот кој ја покренува машината. LHC бил под полн напон кога научниците забележале сериозна електрична пертурбација во раните утрински часови во петокот. Пратена е инспекција која го открила несреќното животно во одделот за енергетика кој ја снабдува...

Continue reading

logo

Минатата година убиени повеќе од 100 новинари и медиумски соработници во светот

Post Views: 2 Најмалку 109 новинари и медиумски соработници се убиени или загинале во несреќни случаи при извршување на своите работни задачи минатата година, се наведува во извештајот за слобода на медиумите во светот подготвен од Меѓународната федерација на новинарите (МФН).Оваа бројка е значително помала во споредба со жртвите во 2007 година, кога загинаа 175 медиумски претставници. Според МФН, Ирак продолжува да биде најопасното место за новинарите, и покрај драстичното намалување на убиствата на претставниците на седмата сила. Во 2008 година во Ирак се убиени 16 новинари, додека...

Continue reading

Најмладите преку етно-работилница се запознаа со богатото културно наследство

Post Views: 1 Во рамките на проектот „Охрид во духот на традицијата“ што го реализира Здружението на граѓани „Нова Порта“ од Охрид, денеска се одржа етно-работилница во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид. Најмладите кои престојуваат во оваа детска градинка изработуваа предмети со етно-материјали., а ја цртаа и традиционалната охридска куќа преку која се запознаа со старата градска архитектура во Охрид. Целта на работилницата беше децата како идни продолжувачи на традицијата да се запознаат со богатото охридско културно наследство преку етнолошките и етнографските елементи и да научат...

Continue reading

Договорен закон и специјален јавен обвинител

Post Views: 1 Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија, ќе биде специјален јавен обвинител, што ќе ги расчистува случаите „Пуч“ и „Прислушување“, се договорија претставниците на четирите партии по долгите преговори што траеја до раните утрински часови.По повеќе од 15 часа работната група под силен меѓународен притисок од амбасадорите Орав и Бејли, како и посредникот Ванхауте ги договорија измените на законот за јавен обвинител и ги прецизираа сите детали. Неофицијално на состанокот ноќеска присутни биле и лидерите на СДМС Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.Во преговарачките...

Continue reading

kuka

Финансиската криза во Европа ќе прерасне во енергетска

Post Views: 1 Стареењето на европскиот парк од електроцентрали, предизвикано од недостигот на инвестиции, како и растечките енергетски потреби на Европа, ќе доведат до големо зголемување на цените на струјата. Намалувањето на инвестициите во традиционалната и алтернативната енергетика заради кризата ќе доведе до стареење на европските електроцентрали и големо поскапување на струјата, се наведува во истражувањето на консултантската компанија A.T. Kearney. „По излезот на светската економија од рецесија цените на струјата во Европа ќе се зголемат за над 50%”, прогнозираат експертите....

Continue reading

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА НА НУЦК „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2019 ГОДИНА

Post Views: 3 Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 4-ти ноември 2019 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци.На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За изборот...

Continue reading

литија

Стружани одадоа почест на заштитникот на градот Св. Великомаченик Георгиј

Post Views: 5 Моштите на свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона ја благословија Струга.  Стружани и бројни гости, 6 -та година по ред масовно со звукот на псалтите се движеа во долга свечена поворка носејќи го благословот на светецот. Еордијата во Струга е еден уникатен духовен настан кој што е многу повеќе од литија. Тоа е едно сеопшто славење на Св. Георгиј заштитникот на градот, кое трае три дена и не случајно го носи зборот еордија што значи празнување.  Православните верници литијата ја доживуваат како голема радост и воскресение и од година во година ја одбележуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top