КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ПОЕМА НА НУЦК „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ЗА 2019 ГОДИНА

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 4-ти ноември 2019 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. 

 |   | 

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 4-ти ноември 2019 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран.

Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци.На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда.

За изборот односно наградата одлучува 3 (три) члено жири составено од реномирани автори од Р.М. Се повикуваат сите заинтересирани автори да испратат необјавена поема на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6 000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2019 година”. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top