ЕЦБ не ги смени каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа клучните каматни стапки на постоечките два отсто, додека британската централна банка Bank of England (БоЕ) ги намали на рекордно ниски еден отсто.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа клучните каматни стапки на постоечките два отсто, додека британската централна банка Bank of England (БоЕ) ги намали на рекордно ниски еден отсто.

ЕЦБ не ги смени каматите и покрај знаците за нагло забавување на активностите во најголемата европска економија и лизгањето на стапката на инфлацијата во еврозоната уште подлабоко во однос на „близу, но под два отсто“, што е целта на Банката. Минатиот месец ЕЦБ ги намали каматите за половина процент.

ECB БоЕ од Лондон соопшти дека петти месец по ред ги намалува каматните стапки и тоа за вкупно четири проценти поени, бидејќи британската економија е силно погодена од 18-месечната глобална кредитна криза.

Остри намалувања на каматите извршија и американската централна банка Фед намалувајќи ги на рекордни нула до 0,25%, додека во Јапонија изнесуваат само 0,1 отсто.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top