Post Views: 8
Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски, градоначалниците на Дебрца и Вевчани, споделуваат дека без урбанистичко планирање не е возможно планирање на економски развој на нивните општини. Користењето на сите средства било да се од Ипард програмите или од странски донатори паѓаат во вода без урбанистички планови, велат Градоначалниците.
Во овие две рурални општини доцнат изработките на Урбанистичките планови за населените места и најчесто се заглавени во бирократските лавиринти.
„Како забелешка да ставам дека постапките за носење на Урбанистички планови се долготрајни...
Post Views: 8
Лидерите на земјите-членки на групата Г-20 се собираат во Лондон за самитот во обид да се изнајде заеднички прифатливо решение за совладување на глобалната финансиска криза и рецесијата во економијата, што се означуваат како најголеми по депресијата од триесетите години на минатиот век. Оваа меѓународна конференција што се одржува в четврток, во деловниот центар Ексел, источен Лондон, се одржува во услови на силни безбедносни мерки откако полицијата предупреди на можноста од насилни протести против сегашната економска криза, актулениот меѓународен економско-финансиски...
Post Views: 0
На каналот Студенчишта ќе се воведуваат две нови услуги за потребите на сопствениците на пловните објекти. ЈП Билјанини извори на потегот со кој стопанисуваат од ова лето ќе ја зголеми безбедноста на пловилата, а ќе го олеснат и внесот и излезот на пловилата од каналот, вели Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори.
„Стопанисувањето на ЈП кое е сериозно во намерата е во 2020 година да го направи она што го бараа катамаранџиите,а тоа е да се постави кран за кревање на пловните објекти со кој ќе се овозможи пловилата да се иставаат од водата за сервисирање и...
Post Views: 8
Авион на компанијата Egypt Air кој летал на релацијата Париз – Каиро исчезнал од радарите додека бил над Медитеранот, а во него се наоѓале 66 патници.
На официјалниот твитер профил на компанијата Egypt Air пишува дека летот MS804, со 56 патници и 10 членови на екипажот, кој синоќа полетал во 23.09 од аеродромот Шарл де Гол исчезнал од радарите рано утрово. Спрема првите информации, станува збор за авионот Airbus A320-232.
Агенцијата AP пренесе дека Ihab Raslan, портпаролот на Египетската агенција за цивилно воздухопловство, рекол дека Airbus-от најверојатно се срушил...
Post Views: 6
Новиот круг на преговори меѓу Хрватска и Словенија за решавање на меѓудржавниот граничен спор, со посредство на ЕУ, ќе започнaт денеска.
Двете страни ќе ја разгледуваат рамката во која ќе делува стручна група за решавање на граничниот спор и прашањето за продолжување на хрватските пристапни преговори под водство на бившиот фински претседател Марти Ахтисари.
“Ахтисари го гледам како претседател на група неодреден број експерти кои бараат европско решение. Тој има големо искуство во решавање на конфликти и ужива голем углед“, изјави синоќа во Брисел еврокомесарот за проширување...
Post Views: 6
Понеделник е ден во кој ги очекуваме новите цени на горивата, кои регулаторната комисија за енергетика и водни услуги редовно ни ги сервира.
А тие најчесто се повисоки, како што е и сега случај со бензините, за среќа само за половина денар. Така од среде ноќ за литар моторен бензин еуросупер БС-95 ќе плаќаме до 67, а за литар еуросупер БС-98 по 69 денари.
Цената на дизелот останува иста – 62 денари за литар. До оваа минимална корекција дојде заради минималните зголемувања на референтните цени на дериватите на светските берзи – кај бензинот за 2,38% а кај дизелот за околу...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.К. (28) и Р.Ф.(54), двајцата од Кичево. Со пријавата опфатен е и правниот субјект „Балкан – Бет“ од Кичево.
Во периодот јуни-август оваа година, пријавениот А.К. во својство на вработен во спортска обложувалница „Балкан – Бет“ и Р.Ф. во својство на сопственик на деловен простор „Ројал“ каде е сместена спортската обложувалница, со намера да се стекнат со против-правна...
Post Views: 1
Нивото на невработеност во Јапонија минатиот месец достигна 4,4 проценти, додека компаниите и натаму го намалуваат бројот на работните места, во рамки на мерките што ги преземаат за справување со рецесијата.
Во јануари темпото на зголемување на невработеноста забележа мало успорување и достигна 4,1 процент. Јапонската Влада соопшти дека трошоците на домаќинствата минатиот месец се намалени за 3,5 проценти, во споредба со истиот месец минатата година.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Овој викенд охридските нуркачи од центарот „Амфора“ нуркаа на Големо Езеро Пелистер, Пелистер.
Големото езеро спаѓа во леднични езера. Во најголем водостој е долго 233 метри, широко 196 метри, а најголемата длабочина изнесува 14.5 метри. Иако видливоста беше ограничена поради планктон, под вода можеа да се забележат воени ашовчиња, гранати, рачни бомби, цевки од пушки и пастрмки кои преживуваат и во најекстремни услови кога езерото замрзнува.
Од „Амфора“ велат дека за ова нуркање е потребен специфичен профил кој го изработи Јован Секулоски SSI AI Trainer. Во одлична...
Post Views: 2
Струшката читалница на ЕВН место за средби, дружба со одбрана литература. Леа, Теа и Арба ги пренесоа своите искуства од едно вакво катче, убаво обоено во розева боја, соба каде спонтано се собираат се дружат, читаат, креираат а истовремено ги поттикнуваат и читачките навики.
„Научив повеќе за македонскиот јазик многу е интересно читаме лектири кои не се задолжителни, работиме во тимови и групи а некогаш самостојно од работилницата ми се допадна тоа што читаме лектири и учиме нови зборови. Проектот е за учењето на албански јазик, ми се допаѓа читањето на лектири и новите...
Post Views: 1
Британските војници, кои од 2003 година се стационирани во Ирак, денеска почнуваат со повлекување. Прават етапа од повлекувањето на британските војници треба да заврши кон крајот на јули. Воената британска база во Басара ќе биде денеска предадена на американските војници, каде ќе се врши обука на ирачките полицајци.
Велика Британија пред шест години испрати 46.000 војници во Ирак, што беше втор по големина контингент по американскиот. За тоа време во Ирак загинаа 179 британски војници.Во моментот во Ирак има 4.100 британски војници, кои согласно со минатогодишниот Договор...
Post Views: 3
Угостителската понуда во Охрид од овој петок, први ноември ќе биде побогата со уште еден репрезентативен објект – новиот Boutique hotel & bar Mozzafiato.
– Станува збор за објект кој е лоциран на Кеј „Македонија“, во срцето на градот. За гостите од земјата и светот се нудат осум луксузни апартмани, кои имаат своја приказна и се посветени на некои од најголемите имиња во филмската индустрија – Al Pacino, Monica Bellucci, Angelina Jolie, Johnny Depp, Robert De Niro, George Clooney, Marilyn Monroe и James Bond 007. Секој викенд ќе имаме забави со најголемите...