Почнува повлекувањето на британските војници од Ирак

Британските војници, кои од 2003 година се стационирани во Ирак, денеска почнуваат со повлекување. Прават етапа од повлекувањето на британските војници треба да заврши кон крајот на јули.

 |  Крсте Голабовски  | 
vojnici
војници

Британските војници, кои од 2003 година се стационирани во Ирак, денеска почнуваат со повлекување. Прават етапа од повлекувањето на британските војници треба да заврши кон крајот на јули.
Воената британска база во Басара ќе биде денеска предадена на американските војници, каде ќе се врши обука на ирачките полицајци.

Велика Британија пред шест години испрати 46.000 војници во Ирак, што беше втор по големина контингент по американскиот. За тоа време во Ирак загинаа 179 британски војници.
Во моментот во Ирак има 4.100 британски војници, кои согласно со минатогодишниот Договор со ирачките власти нивната мисија треба да заврши до 31 мај, а до јули целосно да се повлечат од Ирак.

vojniciБританските војници ја контролираа јужната ирачка провинција Басра по падот на режимот на Садам Хусеин до 1 јануари годинава, кога контролата им ја предадоа на ирачките безбедносни сили. Британската армија ги обучуваше ирачките војици и помагаше за воспоставување на ирачката воена морнарица.
Во рок од 50 години британските војници вторпат се повлекуваат од Ирак. Во мај 1959 година последните британски војници ја напуштија базата Хабанија, во близина на Фалуџа, со што заврши британското воено присуство во Ирак што почна во 1918 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top