Во петок се отвора новиот Boutique hotel & bar Mozzafiato


Манифестацијата на свеченото отворање ќе започне во петок, на 1-ви ноември по 19:00 часот.

 |   | 

Угостителската понуда во Охрид од овој петок, први ноември ќе биде побогата со уште еден репрезентативен објект – новиот Boutique hotel & bar Mozzafiato.

– Станува збор за објект кој е лоциран на Кеј „Македонија“, во срцето на градот. За гостите од земјата и светот се нудат осум луксузни апартмани, кои имаат своја приказна и се посветени на некои од најголемите имиња во филмската индустрија – Al Pacino, Monica Bellucci, Angelina Jolie, Johnny Depp, Robert De Niro, George Clooney, Marilyn Monroe и James Bond 007. Секој викенд ќе имаме забави со најголемите имиња од македонската сцена, но и посебни тематски вечери и дневни забави, кои се надеваме дека ќе донесат свежина во градот. Секако тука ќе биде и врвното италијанско Portioli кафе со неповторлив – Mozzafiato поглед и храната од нашиот Chef Влатко Ѓорѓиески со неговиот тим која ќе Ви измами насмевка на лицето. Сето тоа ќе биде со врвен квалитет, по најприфатливи цени во градот, и секако послужено со насмевка од нашата Mozzafiato екипа, порачуваат одговорните.

Манифестацијата на свеченото отворање ќе започне во петок, на 1-ви ноември по 19:00 часот. Како вистински музички подарок, за прв пат во Охрид доаѓа најдобриот Tribute Band на Тоше Проевски, со Marko Logout и Александра Јанева како фронтмени, а за загревање на атмосферата ќе се погрижат Dj Face и Dj Jane.

– Од Охрид со љубов, порачуваат од Boutique hotel & bar Mozzafiato.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top