Почина актерот Бата Живојиновиќ

Post Views: 0 Синоќа во 22.45 во болницата Свети Сава во Белград, почина актерската легенда Велимир Бата Живојиновиќ каде беше хоспитализиран пред еден месец откако му беше влошена здравствената состојба.Живојиновиќ во текот на 60-годишната кариера има одиграно најмногу улоги во целиот регион, а во светот е познат по улогата во филмот „Валтер го брани Сараево“ на Хајрудин Крвавац, што беше мегапопуларен во Кина, каде дури имаше и пиво со неговиот лик на етикетата.На филм дебитираше во 1955 со улогата во „Песна од Кумбара“ на Радош Новаковиќ, а првата поголема улога ја има во „Воз...

Continue reading

logo

Рецеисјата останува

Post Views: 3 Директорот на ММФ Доминик Строс –Кан оцени дека светската економска и финансиска криза е „далеку од својот крај” и оти заздравување ќе почне од САД. „И покрај сигналите кои се црвени и другите кои станаа зелени, кризата е далеку од тоа да биде готова”, изјави синоќа Строс –Кан на конференција за новинари во Вашингтон, пред денешниот почеток на пролетното заседание на ММФ. „Ние и натаму веруваме дека може да има заздравување во првата половина на 2010 година. Почетокот на опоравувањето на светската економија треба да тргне од САД и тоа ќе се случи”, изјави првиот човек...

Continue reading

Поетско читање во „Шила“

Post Views: 0 Вечерва со почеток од 20:00 часот во кафѐ и бар “Шила“ ќе се оддржи деветото издание на „Имам нешто да ти кажам“- поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор. Ќе се чита авторска поезија и поезија од познати домашни и светски автори. Повикот за учесници е отворен. Може да чита секој што има своја поезија, и желба за читање. “Овојпат го подзачинуваме шоуто со тоа што, со предлози од публика и рандом теми извлечени од „шеширот“, поетите ќе треба да создадат песна на лице место од моменталната инспирација, оној што ќе добие најмногу аплауз, добива и пијалок по сопствен...

Continue reading

skopje

Загадувањето на воздухот во Скопје алармантно

Post Views: 2 Главниот град на Македонија, Скопје викендов беше најзагаден град во Европа, а според мерните единици во градот, многу високо загадување или неколку пати повисоки ПМ 10 честички беа измерени во Карпош, Центар, Лисиче, Тетово. Граѓаните се жалат на здравствени проблеми, ја избираат неделата за прошетка поради малиот број на возила по скопските улици. Затоа градските власти поради големото загадување на воздухот повеќе од 3 дена започна со една од мерките против загадувањето. На три улици во близина на мерната единица спроти зградата на Нова Македонија се попрскаа со средство...

Continue reading

logo

Зелено светло за кандидатурата на Црна Гора

Post Views: 5 Советот на министри на Европската унија (ЕУ) денеска без расправа треба да ја одобри постапката за давање статус на кандидат за членство на Црна Гора. Според најавите, се очекува на почетокот од идната недела, шефовите на дипломатии на ЕУ да и наложат на Европската комисија (ЕК) да изработи “мислење” за тоа дали молбата на Подгорица за добивање статус кандидат за членство во ЕУ е втемелена на “неопходен напредок во реформите и резултатите за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација ЕУ/Црна Гора”. Министрите за земјоделство на ЕУ, в четврток попладне,...

Continue reading

ЕКИПАТА НА ЛИКВИД ПОБЕДНИК НА ТУРНИРОТ ВО БАСКЕТ 3×3

Post Views: 2 Традиционалниот турнир во Баскет 3×3 кој го организира ЈП Билјанини Извори со поддршка на Општина Охрид а по повод 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид ги доби првопласираните три екипи како и најдобриот изведувач на тројки на турнирот. Во вчерашната завршница први на сцена излегоја полуфиналистите и тоа Ликвид – НОА и Дента Медика – Алпојо. Во првото полуфинале екипата на Ликвид победи со резултат 15:11 додека во второто победи екипата на Алпојо со резултат 10:15. По полуфиналните натпревари прво се одигра натпреварот за трето место каде екипата на Дента Медика...

Continue reading

Фалсификувани евра во Струга

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.Џ.(34) од Берат, Република Албанија.   На 24-ти минатиот месец, пријавениот во продавница во Струга купил електро опрема и притоа платил со фалсификувана банкнота од 20 евра односно истата ја пуштил во платен промет. Настанот се случил околу 13 часот кога сега пријавениот со други 3 лица од Албанија пристигнал во Струга со намера да купат автомобил. Во продавница за електро опрема лоцирана во градскиот пазар, сега пријавениот...

Continue reading

Manuel Rosales

Се бара Мануел Росалес

Post Views: 6 Судот во Венецуела издаде налог за апсење на опозициониот лидер Мануел Росалес, кој се засолни во Перу откако беше обвинет за корупција. Обвинителството побара од Интерпол да го уапси Росалес, бидејќи не се појавил во судницата пред два дена, пренесе Би-Би-Си. Росалес во изјавата за венецуелската опозициона телевизија го опиша претседателот Хуго Чавез како „кукавица“ и „мал диктатор“. Претходно Росалес се повлече од функцијата градоначелник на вториот по големина град Маракаибо, по обвинувањата дека на недозволен начин се стекнал со огромно богатство.   {loadposition...

Continue reading

Се поставува фекална канализација во делови на Лескоец

Post Views: 7 Повеќе споредни улички кои се сечат со главната улица Илија Смически во Лескоец ќе бидат поврзани на фекална канализација. Се поставуваат цевковод фи 200 и шахти. За дел од жителите од Лескоец тоа ќе значи решавање на голем комунален проблем и крај на постоечките септичките јами на кои досега беа поврзани жителите од ова приградска населба. „Екипи на Нискоградба работат на градежни зафати на 3 краци од улицата Илија Смически во должина од околу 300 метри. Планирано е да се работи и на уште еден крак и на дел од патот што води од селото Лескоец кон селото Лакочереј“,...

Continue reading

Zemja

Меѓународен ден на планетата Земја

Post Views: 12 Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на планетата Земја, кој Обединетите нации го прогласија за ден посветен на борбата против загадувањето на животната средина. Денешниот ден е најголемиот општоприфатен празник на „еколошкото семејство на Земјата“, при што се организираат акции за креативна промена на еколошката свест на локално, национално и глобално ниво, во кои просечно секоја година учествуваат најмалку околу половина милијарда луѓе. Историскиот датум со кој се означува почетокот на будењето на еколошката свест на човештвото се смета 22 април 1970 година,...

Continue reading

OЕМУЦ „Свети Наум Охридски” доби грант вредeн 580 илјади евра

Post Views: 2 Конзорциумот составен од компаниите „Костал Македонија”, „ОДВ Електрик”, „ЛТХ Леарница” и Електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски” од Охрид добија грант за набавка на современа дидактичка опрема. Грантот во износ од 580 илјади евра од „RCF” фондот поддржан од германската„ KFW” банка е насочен кон подобрување на условите за практичната настава и осовременување на училишната работилница во OЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, со цел Охрид да прерасне во центар за обука на квалификуван кадар не само од градот и околината туку од целиот југо-западен регион. Општинскиот...

Continue reading

Божиновски: Со СДСМ нема нови проекти, нема нови инвестиции

Post Views: 3 Партискиот портпарол Перчо Божиновски денеска на прес конференција, кажа дека двете години на локалната власт на СДСМ биле години на неработа и негрижа, урбана мафија, непотизам и партизација.  Охрид нема катни гаражи, современ градски кеј, пристаништето се распаѓа, нема нов лик на плоштадот Крушевска Република, нема реконструкции на детските градинки, нема училишни спортски сали наброја Божиновки. „Охрид остана без нов здравствен дом.НЕМА Детски културен центар, ниту Младински културен центар, ниту изградба на современи детски игралишта. Охрид остана без нов Театар....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top