Меѓународен ден на планетата Земја

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на планетата Земја, кој Обединетите нации го прогласија за ден посветен на борбата против загадувањето на животната средина.

 |  Крсте Голабовски  | 
Zemja
Земја

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на планетата Земја, кој Обединетите нации го прогласија за ден посветен на борбата против загадувањето на животната средина.

Денешниот ден е најголемиот општоприфатен празник на „еколошкото семејство на Земјата“, при што се организираат акции за креативна промена на еколошката свест на локално, национално и глобално ниво, во кои просечно секоја година учествуваат најмалку околу половина милијарда луѓе.

Историскиот датум со кој се означува почетокот на будењето на еколошката свест на човештвото се смета 22 април 1970 година, кога околу 200.000 лица протестираа против загадувањето на животната средина од која зависи опстанокот на човекот и на сите животински и растителни видови на нашата планета.

Протестите беа организирани во САД, кога околу 30.000 тони сирова нафта истекоа во Пацификот и ја загадија плажата во заливот Санта Барбара. Луѓето кренаа глас против еколошкото насилство, а беа предводени од тогашниот американски сенатор од Илиноис, Гејлор Нелсон, кои побара екологијата да добие национален приоритет. Тогаш е формирано првото Движење за заштита на животната средина.

Следната 1971 година во Канада е формирана една од најголемите невладини организации „Гринпис“ (Green peace – Зелен мир), а на 5 јуни истата година во Стокхолм беше организирана Конференција на ОН за планетата Земја и беа усвоени многу документи меѓу кои и Декларацијата за животна средина, па овој датум се одбележува како Светски ден за заштита на животната средина.

ZemjaСледните години Денот на планетата Земја се одбележува редовно во САД и ширум светот со повеќе различни активности. Наставниците, учениците, политичарите и граѓаните почнаа да обрнуваат поголемо внимание на заштитата на природата.

Она што во 1970 година изгледаше како маргинално прашање – водењето сметка за воздухот, водата и другите природни ресурси, стана едно од централните прашања за општеството и политиката.

На будењето на еколошката свест на човештвото влијаеа   многу настани, но ни до ден-денеска таа не е целосно „разбудена“, бидејќи секое загадување на животната средина и прекумерното глобално загревање се закануваат да го загрозат животот на планетата.

Овој ден сега се одбележува во 175 земји, а во неговото одбележување учествуваат повеќе од 500 милиони луѓе.

Денот на планетата Земја е уште една можност да се потсетиме на значењето на природата која не опкружува, но и да го сфатиме фактот дека нашите животи директно зависат од неа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top