Зелено светло за кандидатурата на Црна Гора

Советот на министри на Европската унија (ЕУ) денеска без расправа треба да ја одобри постапката за давање статус на кандидат за членство на Црна Гора.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Советот на министри на Европската унија (ЕУ) денеска без расправа треба да ја одобри постапката за давање статус на кандидат за членство на Црна Гора.

ministriСпоред најавите, се очекува на почетокот од идната недела, шефовите на дипломатии на ЕУ да и наложат на Европската комисија (ЕК) да изработи “мислење” за тоа дали молбата на Подгорица за добивање статус кандидат за членство во ЕУ е втемелена на “неопходен напредок во реформите и резултатите за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација ЕУ/Црна Гора”.

Министрите за земјоделство на ЕУ, в четврток попладне, во својство на Совет на министри на Унијата, по автоматска постапка ќе дадат “зелено светло” за процедурата која, во случаите на досегашната кандидатура, трае меѓу година и година и пол.

Ова е период потребен за ЕК да добие одговори од властите во Подгорица на прашалниците за тоа што е реализирано во реформите.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top