ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОДИЦИ

Post Views: 3 Охрид на големо се подготвува за една од најголемите и најмасовните црковно народни собири, одбележувањето на православниот христијански празник, Богојавление или Водици. Веќе неколку дена екипите на општинските јавни претпријатија во координација со Организациониот одбор, започнаа да ги реализираат активностите кои се дел од техничката подготовка за одбележување на празникот во Охрид. На потегот околу градското пристаниште постевени се тезги на кои ќе се служи топла ракија и вино, а поставени се и соодветни заштитни огради во делот на крајбрежјето. Исто така во пресрет...

Continue reading

zname

Напредок во преговорите за повторно соединување на Кипар

Post Views: 13 Лидерите на грчката и турската заедница на Кипар постигнаа значаен напредок во преговорите за повторно соединување на таа поделена островска држава. Ова вчера го соопшти пратеникот на Обединетите нации (ОН), Александер Даунер. „Првото читање е завршено. Од перспективата на ОН можеме да кажеме дека тоа е добар напредок кој што покажува дека е остварен значаен напредок во преговорите“, додаде тој. Кипар е поделен од турската инвазија во 1974 година. Претставниците на двете страни ги оживеаја преговорите во септември минатата година, но тие бавно напредуваа по речиси 40...

Continue reading

ТВМ еден ден на Гинеколошкото одделение во Охрид

Post Views: 83 2020 година е година на посилниот пол во Охрид. И првото бебе  во градот беше машко,  а и просечно се раѓаат повеќе машки во однос на женски деца. Од 2013 до 2016 година наталитетот во Охрид бележи благо зголемување, но од  2016, кога имало рекордни 640 живродени бебиња,  до денес наталиететот е во постојано опаѓање. Од година во година се раѓаат во просек по  шеесетина  деца  помалку. -„Главната причина за ова е иселувањето на младите.  Мораме и тоа да го потенцираме дека има еден одреден процент на бебиња кои се раѓаат во приватните клиники  а исто така мора да...

Continue reading

A-bomb

Годишнина од првиот атомски цивилен напад

Post Views: 0 Целосна забрана на употребата на нуклеарното оружје, денеска побара градоначалникот на Хирошима, Тадатоши Акиба, по повод 64 годишнината од првиот атомски напад во светот. Над 50.000 лица, меѓу кои и преживеани, како и јапонскиот премиер Таро Асо и претставници на околу 60 земји присуствуваа на комеморацијата на жртвите на нападот. „Целосната забрана на употребата на нуклеарно оружје не е само желба на преживеаните на нападот на Хирошима, туку и на мнозинството луѓе ширум светот“, порача Акиба. Тој ги пофали ставовите на американскиот претседател Барак Обама насочени...

Continue reading

Во ОО ЦК граѓаните може да донираат разни делови од покуќнина

Post Views: 10 Охриѓани кои имаат вишок на покуќнина и мебел имаат моженост да ги донираат во ОО на Црвен Крст. Тие ги кординираат потребите на граѓаните во социјален ризик со граѓаните кои имаат нешто да подарат, информира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК. „Се јавуваат луѓе во Црвен крст. Пуштаме наша екипа да види дали мебелот е функционален, се сликаат понудените делови од покуќнината во каква состојба се. Потоа од нашата дата база на податоци ги контактираме лицата од социјален ризик кои имаат потреба од разни видови на мебел“, објаснува Точков како функционира конекцијата...

Continue reading

Терористички напад во Париз, убиен еден полицаец

Post Views: 0 Француски полициски службеник е убиен ноќта помеѓу понеделник и вторник пред својата куќа во предградието Magnanville во Париз, а одговорноста за нападот го превзеде Исламска држава, пренесуваат агенциите. Неидентификуван напаѓач убил 42 годишен полициски службеник и потоа се забарикадирал во неговата куќа. Него го убиле припадниците на специјалните сили на француската полиција откако пропаднале преговорите за предавање. Во куќата е пронајдено уште едно женско тело за кое се претпоставува дека е сопруга на убиениот полицаец, пренесува Reuters. Агенцијата на Исламска...

Continue reading

Tadic i Medvedev

Медведев ќе ја посети Србија во октомври

Post Views: 2 Рускиот претседател Дмитриј Медведев во октомври ќе ја посети Србија на покана од српскиот претседател Борис Тадиќ. Медведев ќе учествува на самитот посветен на руско – српското „стратешко партнерство“, соопшти Кремљ. Медведев и Тадиќ, кои вчера разговараа телефонски, во октомври ќе имаат можност за „конкретни разговори за сите прашања поврзани со билатералната соработка“, се наведува во соопштението. Претседателите изразиле задоволство од договорите потпишани за време на престојот на Тадиќ во Москва во декември, минатата година и истакнаа дека е „неопходно да...

Continue reading

Во охридското село Куратица се одржа Курајчкиот Карневал

Post Views: 5 Боки 13 и Катица Јанева, но и многу други маски продефилираа, синоќа, на традиционалниот Курајчки карневал. Голем број на гости и учесници беа дел од традиционалниот карневал кој е со долга традиција во ова охридско село и годинава се одржа по 22-ри пат. Со музика, песна и смеа се одбележа празникот Василица. Василичарите беа маскирани и на шегобиен начин преку различни маски придонесоа за веселата празнична атмосфера. Беа прикажани разни маски инспирани од многу теми, а не изостанаа секако и политичките случувања во земјава. Месната заедница од село Куратица, здружението...

Continue reading

logo

Адвокатите го бранат Законот за нотарска дејност

Post Views: 3 Да беа адвокатите во нотарските канцеларии од почеток на нотарската дејност во Македонија немаше да ни се случат ниту Бачило ниту Фиком, е еден од аргументите на адвокатите кои жестоко го бранат новиот закон за нотарска дејност. Претседателот на адвокатската комора Никола Додевски, бранејќи го законот вели дека нотарите се поставиле во системот како судии, а не се судии за да решаваат оставински постапки. Додевски ги обвини нотарите дека откако се дознало дека адвокатите и нотарите ќе ги делат трошоците адвокатската професија е нападната со измислиени хајки дека само...

Continue reading

fitnes klub

Пет жени застрелани при напад во фитнес клуб во САД

Post Views: 5 Пет жени беа убиени, а најмалку 15 други ранети, кога вооружен маж отвори оган врз присустните во еден фитнес клуб во предградието на Питсбуург, Бриџвил, во американската сојузна држава Пенсилванија. Како што соопшти локалната полиција, напаѓачот упаднал во фитнес клубот во кој во тој момент вежбале околу 30 жени и без да каже ниту збор отворил оган врз нив.Според очевидци на настанот, по инцидентот напаѓачот се самоубил. Оваа информација не е потврдена од страна на полицијата.Засега не се познати причините и мотивите за овој напад. {loadposition content9}

Continue reading

Земјава минатата година бележи поголем број на посети и ноќевања од туристи

Post Views: 5 Во пораст е бројот на посетите на туристи во земјава , и на странските и на домашните гости, кажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Според нивните податоци бројот на туристите во ноември 2019 година изнесува 64.458, а бројот на ноќевањата изнесува 135.866. За 2.6 % се бележи пораст на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, а за 19.3 % е зголемен бројот на странските туристи. Бројот на туристите во ноември минатата година , во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 13.2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.5...

Continue reading

Заменик директорот на УЈП Аргетим Асани, убиен во Струга

Post Views: 0   Заменик директорот на УЈП Аргетим Асани убиен сред бел ден во Струга.  На ул. Маркс Енгелс на само 30 тина метри од Полициската станица во Струга  од автомобил во движење било пукано со повеќе истрели кон Асани. Тој со прострелни рани бил веднаш пренесен во струшката општа болница каде за жал само констатирале смрт. Местото на инцидентот веднаш беше обезбедено од полицијата во радиус од 50 метри а зголемено полициско присутво имаше низ целиот град. Блокирани беа неколку улици во центарот но и излезите од Струга. На местото на инцидентот во присуство на јавен обвинител...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top