Post Views: 1
Идната улога на УНМИК ќе биде целосно политичка и ќе опфаќа некои одговорности во врска со односите Приштина – Белград.
Ова, го изјави портпаролот на администрацијата на Обединетите Нации во Косово – УНМИК, Расел Гики.
Портпаролот на УНМИК истакнува дека, иако намалена, важноста на мисијата на ООН во Косово ќе биде и во олеснувањето на интегративните процеси на Косово во меѓународните механизми.
Претставниците на администрацијата на Обединетите Нации во Косово велат дека по завршувањето на процесот за реконфигурација на мисијата, на крајот на јуни, стратешка цел на УНМИК...
Post Views: 7
Градоначалникот Константин Георгиески заедно со Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми и директорот на Јавното петпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски денеска изврши увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.
Активностите за санација на терен ги изведува фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватската компанија „Инд Еко“ од Ријека. Во текот на изминатиот период, извршена е ревитализација на пумпната станица во близина на хотелот „Гранит“ и извршено е комплетно чистење...
Post Views: 2
Русија развива нов ракетен систем, со кој ќе може да ја брани земјата од оружје од вселената, кое Вашингтон сака да го развие.
„Градиме нов состав кој нема да биде подобар само од антиракетниот, туку и од вселенскиот“, изјави командантот на руското воено воздухопловство, Александар Зелин.
Тој потенцираше дека развојот на проектилот S-500, е приоритет на руското воено воздухопловство, бидејќи според него, САД, до 2030 година ќе располагаат со вселенски проектили, кои ќе може да ја гаѓаат руската територија.
„Заканата не е виртуелна, туку реална“, истакна Зелин, потенцирајќи...
Post Views: 3
Владата на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана). Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.
Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски...
Post Views: 5
Градежен отпад, стар мебел, а најмногу отпад од домаќинства е честа глетка на улицата „Петар Чауле“ , се жалат дел од мештаните кои живеат таму. На оваа улица која се наоѓа во стариот дел на градот покрај објекти за домување има и ресторани и други угостителски објекти па жителите со овој проблем особено се соочуваат во текот на туристичката сезона и поголемите зимски празници, кога градот е полн со домашни и странски туристи. Граѓаните посочуваат и на проблемот што локалната самоуправа нема назначено места за депонирање на отпад во овој дел од градот, а најблиските...
Post Views: 2
Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централните и источните делови на Јапонија, соопшти јапонската Метеоролошка служба.Епицентарот на потресот бил во префектурата Шизуока на островот Хоншу, на 20 километри по морското дно во заливот Суруга, на околу 150 километри од јапонскиот главен град Токио, каде земјотресот бил почувствуван со нешто послаб интензитет.
Веднаш по земјотресот превентивно се ислкчучени два блока од нуклеарната централа во Хамаока, а властите предупредија и на можна појава на цунами со виочина до...
Post Views: 129
Урбанизацијата, загадувањето на живтната средина, несовесните политики, профитерството се главни предизвици во заштитата на светското наследство, сметаат научниците експерти кои деновиве во Охрид дебатираат на осмата научна конференција на тема „Современите предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство“. Во особено чувствителен период кога Охрид се соочува со препораките на Унеско со свои препораки и идеи се вклучува и научната фела.
„Сметавме дека е добро да ги чуеме другите искуства од светот и од нашите експерти бидејќи ислиме дека...
Post Views: 6
Кина ги информираше Обединетите нации дека ослободила над 1.200 лица уапсени за време на минатогодишните демонстрации на Тибет.
Во писмениот одговор до Комитетот на ОН за елиминација на расната дискриминација, кинеските власти наведуваат дека 1.231 лице се ослободени.
Притоа се прецизира дека осомничените претходно биле казнети, дека потоа се покајале и дека биле „превоспитани“.
Бран антикинески демонстрации го потресоа Тибет во пролетта 2008 година, но истите беа угушени од кинеските власти.
{loadposition content9}
Post Views: 1
За да се одржи статусот на Охридскиот басен како дел од културното и природно Светско наследство под Унеско од двете страни на езерото се формира Меѓудржавен Комитет за заштита, помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Едмонд Адеми, претседателот на Националниот комитет на Унеско, кажа дека во иднина двете земји ќе имаат обврски и задачи во процесот на менаџирање на сите активности кои се однесуваат на Охридскиот регион.
„Сите одлуки ќе се носат со консензус било да станува збор за рибниот фонд, заштитата на културното и природното наследство или други...
Post Views: 7
Најмалку 12 лица се загинати, а 52 се водат за исчезнати во удар на тајфунот „Моракот“ на Тајванскиот остров, при што се предизвикани огромни поплави.
„Моракот“ продолжи кон Кина, чии власти евакуираа околу милион жители.
Според последните информаци овој ураган ја загубил силата и преминал во тропска бура.
Истовремено друг тајфун ја зафати Јапонија усмртувајќи најмалку девет лица, а уште толку се водат за исчезнати.
Според метеоролошките служби, тајфунот „Етау“ утре ќе стигне до Токио, при што се најавуваат oбилни врнежи од дожд.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите која ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител во Охрид и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба.
Чорбата ќе се подготвува во голем казан, кој утрово беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. За подготовка на чорбата набавени се 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, 10 килограми кромид, 100 литри масло, 60 килограми брашно, како и сите останати...
Post Views: 6
На Facebook Messenger апликацијата сега ќе може да се примаат и праќаат СМС пораки. СМС за Messenger се врати на Android платформата по неуспешниот старт од 2012 и 2013 година. Со овој потег не само што Facebook ја осигура доминацијата во комуникациска смисла, туку осигура и значајна доза на практичност.
Иако планот беше прекинат, беше јасно дека во еден момент СМС ќе се врати како интегрирано решение. Читањето на сите пораки на едно место секако е практично, но сега на Messenger за Android ќе може и да се праќаат СМС пораки. Тие ќе се раликуваат по тоа што оние од Messenger...