• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Урбанизацијата, загадувањето и профитерството се главни предизвици во заштитата на светското наследство

Урбанизацијата, загадувањето и профитерството се главни предизвици во заштитата на светското наследство

Во период кога државната и локалната власт се исправени пред предизвикот да го сочуваат статусот на Охрид под Унеско исполнувајќи ги препораките на оваа организација, со свои пораки се вклучува и научната фела.  Експерти  кои деновиве во Охрид дебатираат на осмата научна конференција  Водици 2020та сметаат дека Урбанизацијата, загадувањето и профитерството се главни предизвици во заштитата на светското наследство.

 |  Соња Рилковска  | 

Урбанизацијата, загадувањето на живтната средина,  несовесните политики, профитерството се главни предизвици во заштитата на светското наследство, сметаат научниците експерти  кои деновиве во Охрид дебатираат на осмата научна конференција на тема „Современите предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство“.
Во особено чувствителен период кога Охрид се соочува со препораките на Унеско  со свои препораки и идеи   се вклучува и научната фела.

„Сметавме дека е добро да ги чуеме другите искуства од светот и од нашите експерти бидејќи ислиме дека голем е проблемот што многу мал е придонесот на научната мисла. Имаме активен невладине сектор, имаме политики на државата но малку имаме придонес од научната мисла. На овој начин ќе придонесеме да се решава проблемот на научна основа. Секој учесник доаѓа со свои трудови и ситражување евентуално даваме препораки бидејќи е специфина е темата моеби ќе даде препораки кои ќе ги доставиме до Владата за да преземат мерки“, вели Рубин Земон пратеник и претседател на програмскиот дел на конференцијата „Водици 2020“.

„Имате магла од Гостивар до Тетово не можете да возите нормално. Имате загаден воздух. Прво беше финансиската криза во 2008 година, втора беше економската криза па   социјалната криза ние сега се соочуваме со кризата на генерацијата. Генерации кои не веруваат никому на ниту една политичка партија. Проблемот почнува од недостиг на вода, недотиг на храна и загадената животна средина,  а никој не води сметка“ Зоран Витолевиќ уредник на „Журнал“ Мајами Флорида.

Државната и локалната власт преземаат интензивни мерки да го заштитат културното и природното наследство во Охрид и регионот  и да го сочуваат статусот на Унеско.

„Свесни сме за предизвиците со кои се соочуваме псоледните години да го сочуваме овој статус кој е еден од највисоките приоритети на Владата. Моѓам да потврдам дека се презмени конкретни чекори во оваа насока во согласност со приоритетите и конкретните препораки на Унеско. Изготвувањето на планот за управување со културното и рпиродното налседтсво се важен дел и истите ја формираат рамката за понатамошното делување на Владата. Важен дел од планот е регулирање на урбанизацијата во регионот  асе со цел да се создаде одржлива и хумана урбанизација која нема да дозволи нарушување на културниот пејсаж и и природните ресурси“ , рече  претседателот на националната комисија за УНЕСКО  Едмонд Адеми.

„Овогодинешната тема на конференцијата не само што е актуелна туку е предизвик и за нас и за идните генерации. Заштитата и управувањето со природното и културното наследство  е во постојан фокус на општина Охрид. Чекорите и мерките  кои моментално ги преземаме се во колерација со препораките ан Унеско. А нашата намера е постојано да ги унапредуваме  во насока на заштита на животната средина која е веќе препзнаена и до мегунароните институции“, рече градоначалникот Константин Горгиески.

Од конференцијата се очекува да произлезат  нови идеи за уанпредување на заштитата на културното и прридоното наследтсво на град Охрид. Осмата Меѓународната конференција „Охрид- Водици 2020“ е во организација  на ФОН Универзитетот и Институтот за социо – културна антропологија, а во партнерство со „MIRAS“ -Социјалната Организација за Поддршка на Проучување на Културно Наследство од Баку, Азербејџан, списанието Руски политички науки од Москва, Русија, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top