Земјотреси ја дрмаат Азија

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централните и источните делови на Јапонија, соопшти јапонската Метеоролошка служба.

 |  Крсте Голабовски  | 
Japonija
Jапонија

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централните и источните делови на Јапонија, соопшти јапонската Метеоролошка служба.
Епицентарот на потресот бил во префектурата Шизуока на островот Хоншу, на 20 километри по морското дно во заливот Суруга, на околу 150 километри од јапонскиот главен град Токио, каде земјотресот бил почувствуван со нешто послаб интензитет.

zemjotresВеднаш по земјотресот превентивно се ислкчучени два блока од нуклеарната централа во Хамаока, а властите предупредија и на можна појава на цунами со виочина до 60 сантиметри во реоните долж брегот на Тихиот Океан.
Засега нема информации за евентуални жртви и за предизвикани материјални штети.
Ова е втор силен земјотрес на најголемиот јапонски остров Хоншу во последниве два дена. Во неделата во близина на источниот брег на островот беше регистриран земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтер.
Земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала е регистириран денеска во реонот на Адаманските Острови во Индискиот Океан, соопшти Американскиот геолошки институт.
Веднаш по земјотресот прогласена е опасност од можна појава на цунами во јужноазиските земји кои излегуваат на Индискиот Океан – Бангладеш, Индија, Индонезија, Мијанмар и Тајланд, но подоцна ваквото предупредување е повлечено.
Епицентарот на потресот бил на 262 километри северно од индиските Адамански Острови, под дното на Индискиот Океан.
Нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top