Post Views: 4
Најмалку шест напади со автомобили и камиони преполни со експлозиви и минофрлачки гранати извршени се во куси временски интервали врз владини згради во центарот на ирачката престолнина.Меѓу целите на нападот бил и ирачкиот парламент во добро обезбедената Зелена зона, Министерството за финансии и градското собрание на Багдад, пренесува полицијата.Експлозиите биле толку силни поради што се урнал и блискиот мост на автопатот.Центарот на градот е прекриен со густ чад кој што доаѓа од неколку локации, а во градот владее хаотична атмосфера.
Post Views: 13
Практична работа ќе се воведува во наставниот процес во сите стручни училишта. Се продолжува со започнатиот процес на реформи како што е примерот со дуалното образование во средното стручно улилиште „Св Наум Охридски. Ученици од електро- машинското училиште 2 години изведуваат практична настава во компаниите ОДВ, Костал и Леарница, а со поддршка од Делегацијата на Германското стопанство. Од примерот на ова училиште се констатира дека на овој начин учениците добиваат повеќе знаење и вештини и се поподготвени во производниот процес, кажа Мила Царовска, вицепремиерот за...
Post Views: 2
Авто мото сојузот на Македонија известува дека е воведена забрана за тешки товарни возила на повеќе патишта и планински премини и тоа: Планинскиот премин Пресека, планискиот премин Ѓавато, патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, патните правци Маврово – Дебар, Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат. За останатите моторни возила задолжителна е зимската...
Post Views: 0
Jапонските власти денеска алармираа на опасност од цунами, откако изутрината се случи силен земјотрес во Тихиот океан, јавија агенциите.
Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран на стотина километри источно од брегот на Тајван, со епицентар на околу 10 километри под Пацификот.
Нивото на морето се очекува да нарасне и до 50 сантиметри околу јужните јапонски острови, предупредија метеоролозите.
Земјотресот бил почувствуван во Јапонија и во Тајван, но засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
{loadposition ...
Post Views: 5
Десетина нови фиданки се засадени кај каналот Студенчишта. Тие се посадени по сечата на повеќе стебла брези за кои Комисијата за сечење дрва дала согласност дека се опасни за минувачите, вели општинскиот портпарол Томе Џамтоски.
„На секое пресечено дрво се разбира со дозвола од нашeто одделение за животна средина пропорционално на дебелината на исечените стебла се засадуваат 1, 2 или повеќе дрва“, вели Џамтоски. Општинскиот инспекторат е задолжен за контрола дали се почитуваа законските одредеби и решенијата од Комисијата која издала согласност дали се заменети исечените...
Post Views: 0
Почна рушењето на времените угостителски објекти на струшката ревиера. Вчера па и денес на една од плажите издадени под концесија на влезот во градот по стариот патен правец Струга – Охрид, почна демонтирање на објектите. Концесионерот Агим Алиу револтиран е на струшкиот градоначалник Зијадин Села, дека тоа се прави во екот на туристичката сезона, кога на плажата врие од посетители.
„Иако ние имаме уверение за користење односно за вршење угостителски услуги кои не се почитувани од страна на актуелниот градоначалник и неговите инспекциски служби, не би сакал ова да се...
Post Views: 2
Египетскиот претседател Хосни Мубарак е во Вашингтон во прва посета на САД по пет години.
Се очекува на средбата со американскиот колега Барак Обама утре 81-годишниот египетски лидер да побара Барак Обама да го претстави што е можно поскоро мировниот план за Блискиот исток.
Мубарак, според најавите ќе побара САД да не го чека решението на Израел по однос на изградбата населби на Западниот брег, за да ги објави намерите за трајна мировна иницијатива.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани...
Post Views: 0
Романските власти објавија демант на написите во американските медиуми дека во центарот на Букурешт постоел таен затвор во кој ЦИА ги држела осомничените за тероризам.
Информацијата дека во центар на Букурешт функционирал еден од тајните затвори на ЦИА ја објави угледниот „Њујорк тајмс“.
Во интервју за весникот, поранешниот шеф на главната база на ЦИА за Европа, Кајл Фого изјави дека во центарот на Букурешт функционирал еден од специјалните центри на ЦИА.
Според романските власти, обвинувањата изнесени во „Њујорк тајмс“се обид за дискредитација на Романија и истите не...
Post Views: 2
НУ Библиотека „Григор Прличев“ неодамна го збогати својот фонд со неколку изданија од сликовници кои со сигурност ќе го привлечат вниманието за нивно читање од страна на децата и нивните родители.
Оваа среда од Градската Библиотека ви претставуваат шест сликовници од едицијата „Мала Европа“ од издавачот Либи од Скопје.
„Самовилата која гледа во темнина“ од унгарецот Ласло Багоши,„Мама“ од белгиските автори Елон Делфорж и Кентен Гребен,„Чао“ од Едвард де Вендел и Марије Толман од Холандија.
Во оваа понуда се најдоа и две прекрасно дизајнирани сликовници од македонскиот...
Post Views: 2
Владата на Северна Македонија останува силно посветена на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, и статусот на УНЕСКО Светско наследство, кој го одликува регионот веќе 40 години.
На четвртата редовна седница донесен е Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 г.), со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.
Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се...
Post Views: 0
Бројот на нелегалните африкански имигранти, кои се обидуваат да влезат во Шпанија се намалил заради падот на шпанската економија.
Во првите седум месеци од годината речиси 4.500 имигранти биле спречени да влезат во Шпанија со помош на чамци, најголемиот дел од Западна и Северна Африка, што е за 40 отсто помалку во однос на истиот период лани и речиси една четвртина од нивниот број во 2006 година.
Шпанија организира морски и крајбрежни патроли во нејзините територијални води во обид да го спречи обидот на имигранти од Африка да влезат во државата.
Зајакнатите контроли,...