Продолжуваат земјотресите во Пацификот

Јапонските власти денеска алармираа на опасност од цунами, откако изутрината се случи силен земјотрес во Тихиот океан, јавија агенциите.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Jапонските власти денеска алармираа на опасност од цунами, откако изутрината се случи силен земјотрес во Тихиот океан, јавија агенциите.

CunamiЗемјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран на стотина километри источно од брегот на Тајван, со епицентар на околу 10 километри под Пацификот.

Нивото на морето се очекува да нарасне и до 50 сантиметри околу јужните јапонски острови, предупредија метеоролозите.

Земјотресот бил почувствуван во Јапонија и во Тајван, но засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top