Најмалку 50 загинати во низа експлозии во Багдад

Најмалку 50 луѓе загинаа, а 300 се ранети денеска во самоубиствените бомбашки и минофрлачки напади врз владините згради во центарот на Багдад, соопшти полицијата.

 |   | 

Најмалку шест напади со автомобили и камиони преполни со експлозиви и минофрлачки гранати извршени се во куси временски интервали врз владини згради во центарот на ирачката престолнина.
Меѓу целите на нападот бил и ирачкиот парламент во добро обезбедената Зелена зона, Министерството за финансии и градското собрание на Багдад, пренесува полицијата.
Експлозиите биле толку силни поради што се урнал и блискиот мост на автопатот.
Центарот на градот е прекриен со густ чад кој што доаѓа од неколку локации, а во градот владее хаотична атмосфера.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top