Post Views: 4
По пет круга на гласање вчеравечер во седиштето на УНЕСКО во Париз, Ирина Бокова е избрана за нов генерален секретар на организацијата.
Вториот главен претендент за оваа функција беше египетскиот министер за култура Фарук Хосни. Од јуни 2005 години па досега ја извршуваше функцијата бугарски амбасадор во Франција, постојан претставник на УНЕСКО, како и претставник на претседателот во Меѓународната организација на франкофонијата. Во периодот од ноември 1996 до февруари 1997 година е на функцијата бугарски министер за надворешни работи.Непосредно пред последниот круг...
Post Views: 1
Основното училиште Григор Прличев во кое учат над 1000 ученици од 1 до 9 оддоление со низа активности го одбележа својот патронат. Учениците од одделенска и предметна настава со отворени часови на еден поинаков и многу интересен начин ги презентираа своите активности и знаење по скоро сите предмети. Покажаа колку труд и знаење вложуваат во секојдвениот наставен процес. За некои ученици се интересни природните науки, а за други странските јазици, како што е тоа пример за неколку ученички кои по германскиот јазик планираат да запишат студии и да го изучуваат во иднина.
Учениците...
Post Views: 6
На првиот ден од полагањето екстерни тестови, матурантите во цела држава кои се дел од процесот, чекале речиси два часа додека започнат да полагаат. Како што информираат некои директори, техничкиот проблем подоцна бил решен.
– Електронскиот систем падна во сите училишта, не само кај нас. Во моментов полагањата се` уште траат. Тестовите се од различни предмети, зависи на кој што му се паднало – вели Александар Коцевски, директор на средното фискултурно училиште.
Како што информираат во Министерството за образование и наука, сџпоред информациите од кол центрите,...
Post Views: 0
На парламентарните избори во Грција, кои ќе се одржат на 4 октомври, ќе учествуваат 23 партии, објави денеска весникот „Та неа“.
Пет од 28 партии, кои поднеле молба за учество на изборите, не добиле одобрение од судот, бидејќи не ги исполнувале условите поставени од изборното законодавство. Станува збор за партиите „Еколози Грција“, „Политичка чистка“, „Брза демократија на дело“, „Иднина за Грците“, „Слуги на грчкиот народ“, „Нова грчка демократија“ и „Каде си, Пападопуле – Партија на грчките странци – Тероризирајте ги терористите“.
Во изборната трка остануваат...
Post Views: 0
Првите снежни врнежи Ј.П.„Охридски Комуналец“ги дочека спремно. Следејќи ја временската прогноза и најавениот снег во текот на вчерашниот ден се одржа работен состанок на оперативните служби и екипирани се дежурните служби кои излегоа на терен од раните утрински часови.
Ангажирана е расположивата механизација за дејствување во зимски услови: два камиони со приклучоци епоха и ножеви за чистење снег, трактори со нож, две соларки, помал багер за чистење снег во тесни улици и др. Согласно Програмата за зимско одржување на територија на општина Охрид за 2020 год., третирани...
Post Views: 9
Во врска со одржувањето на културната манифестација „Струшки вечери на поезијата“, полициската станица од Струга, презема низа неопходни мерки со цел безбедно одвивање на планираните програмски активности.
Безбедносните мерки се насочени кон оперативно покривање, сообраќајно и физичко обезбедување на објектите и местата каде се планирани активностите а ќе бидат во функција на непречено одвивање на овие значајни културни средби.
Во таа насока, на 29-ти и 30-ти август, во централното градско подрачје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот со привремено ограничено...
Post Views: 2
Во ОН денеска ќе биде одржан еднодневен самит за климата на кој ќе се направат напори од мртва точка да се покренат преговори за нов климатски договор кој треба да го замени Протоколот од Кјото.
Преговорите се во застој поради различните ставови за тоа како намалувањето на емисиите да се подели меѓу богатите и земјите во развој и како да се соберат околу 100 милиони долари колку се потребни годишно за сиромашните држави да им се помогне да се изборат со глобалното затоплување и да се прилагодат на промените. На тој состанок треба да биде формулиран нов документ за спречување...
Post Views: 0
Ј.П.„Охридски Комуналец“ деновиве спроведe акција за чистење на речните корита и сливните подрачја на територијата на општина Охрид согласно годишната програма на Секторот за комунални дејности при општина Охрид.
Се расчити депонираниот разновиден комунален и друг вид отпад со цел да се обезбеди нормален проток на водата во речните корита и сливните подрачја и превентивно ќе се делува во заштитата од поплави и излевање, а истовремено ќе се намали загадувањето на езерото.
Расчистено е речното корито на р.Сушица на потегот од ул.„Живко Чинго“ до ул.„Железничка“, река Грашница...
Post Views: 2
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе го брани проширувањето на еврејските населби на окупираниот Западен брег на средбата со претседателот на САД Барак Обама и палестинскиот лидер.
„Никогаш од премиерот не сте слушнале дека ќе ја замрзне изградбата на населбите. Вистината е спротивна”, рече Нир Хефец, портпарол на премиерот, коментирајќи го тројниот состанок закажан за денеска во ОН во Њујорк.
„Некои политичари… прекинувањето на изградбата или препуштањето на националната територија или нанесувањето штета на населбите во Јудеја и Самарија, го гледаат...
Post Views: 4
На 19.10.2021 година околу 18 часот, во охридското село Елшани, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од П.С. (25) врз В.Ј.(37) и нејзиниот малолетен син, сите од истото село.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 8
Југот и високите бранови повторно ги откорнаа бекатон плочките на градскиот кеј. Граѓаните реагираат и од безбедоносни, но и од естетски причини. Велат дека бекатонот воопшто не е соодветен материјал за ваков простор како што е градскиот кеј и бараат што побрзо пропустот кој се направи пред петнаесеттина години кога беа поставени да се исправи при реконструкцијата на кејот.Па искрено кажано бекатон плочките не се најдоброто решение за кејот, но во тоа време така било одлучено.Со неговата реконструкција тоа ќе се исправи. Да се надеваме дека тој проект ќе се спроведе...
Post Views: 0
Меѓународниот ден на мирот на Обединетите нации денеска ќе биде одбележан со најголема прослава досега, која ширум светот ќе биде во исто време емтиувана на Интернет, радио и телевизија.
Во директниот пренос на прославата на Интернет, која ќе трае 24 часа, ќе биде емитувана пораката на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун по повод овој празник, како и интервјуа со сегашни и поранешни високи претставници на ОН.
Во прославата ќе учествуваат и познатите амбасадори на мирот на ОН како што се холивудските актери Џорџ Клуни, Анџелина Џоли, Џад Ло, Мајкл Даглас, пејачката...