Ирина Бокова, нов генерален секретар на УНЕСКО

По пет круга на гласање вчеравечер во седиштето на УНЕСКО во Париз, Ирина Бокова е избрана за нов генерален секретар на организацијата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Irina Bokova
Ирина Бокова

По пет круга на гласање вчеравечер во седиштето на УНЕСКО во Париз, Ирина Бокова е избрана за нов генерален секретар на организацијата.

Irina Bokova
Вториот главен претендент за оваа функција беше египетскиот министер за култура Фарук Хосни.
Од јуни 2005 години па досега ја извршуваше функцијата бугарски амбасадор во Франција, постојан претставник на УНЕСКО, како и претставник на претседателот во Меѓународната организација на франкофонијата. Во периодот од ноември 1996 до февруари 1997 година е на функцијата бугарски министер за надворешни работи.
Непосредно пред последниот круг гласање за нов генерален директор на УНЕСКО во седиштето на организацијата во Париз се појавија гласини за наводни поткупи.
Бокова и Хосни останаа единствените кандидати за оваа функција, откако вчера освоија еднаков број гласови, што го натера 58-члениот Извршен совет на организацијата денеска да организира петти, последен круг на гласање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top