Се одбележува Меѓународниот ден на мирот 

Меѓународниот ден на мирот на Обединетите нации денеска ќе биде одбележан со најголема прослава досега, која ширум светот ќе биде во исто време емтиувана на Интернет, радио и телевизија.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Меѓународниот ден на мирот на Обединетите нации денеска ќе биде одбележан со најголема прослава досега, која ширум светот ќе биде во исто време емтиувана на Интернет, радио и телевизија.

raceВо директниот пренос на прославата на Интернет, која ќе трае 24 часа, ќе биде емитувана пораката на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун по повод овој празник, како и интервјуа со сегашни и поранешни високи претставници на ОН.

Во прославата ќе учествуваат и познатите амбасадори на мирот на ОН како што се холивудските актери Џорџ Клуни, Анџелина Џоли, Џад Ло, Мајкл Даглас, пејачката Ени Ленокс, Пол Макартни и многу други.

– По повод Меѓународниот ден на мирот имам една едноставна порака за сите која гласи: мораме да се разоружаме, мора да имаме мир. Апелирам на сите луѓе ширум светот да ни се придружат во ова настојување. Поддржете ги ОН и дајте свој придонес кон мирот, порача генералниот секретар на ОН по повод Меѓународниот ден на мирот.

Повеќе стотици илјади луѓе се собраа синоќа на Плоштадот на револуцијата во Хавана на концертот на мирот на колумбискиот рок музичар Хуанес и други меѓународни поп ѕвезди, со желба со музика да го остварат она што не им појде од рака на политичарите – да ги поврзат Кубанците на Куба и оние во САД.
Нагласувајќи во обраќањето до публиката дека целта на собирот е љубовта да ја надвладее омразата, Хуанес наведе дека дошле повеќе од милион луѓе, додека организаторите најавија најмалку половина милион посетители.

По повод Меѓународниот ден на мирот, локалните и странските сили во Авганистан времено ги запираат операциите, соопшти авганистанското Министерство за одбрана. Министерот за одбрана Абдул Рахим Вардак и нареди на Армијата да ги прекине дејствијата и да напаѓа бунтовници само при напад од страна на противникот.
Слични инструкции добија и потчинетите на командантот на коалициските сили во Авганистан, американскиот генерал Стенли Меккристал. – Војниците нема да преземаат воени операции на 21 септември, поради Меѓународниот ден на мирот на ОН, рече генералот.

Денот на мирот е воспоставен во 1981 година, а првпат е одбележан следната година, но својата суштинска улога ја добива дури во 2001 година, кога Генералното собрание на ОН, со посебна резолуција, го прогласи Меѓународниот ден на мирот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top