Самит за климатски промени во ОН

Во ОН денеска ќе биде одржан еднодневен самит за климата на кој ќе се направат напори од мртва точка да се покренат преговори за нов климатски договор кој треба да го замени Протоколот од Кјото.

 |  Крсте Голабовски  | 

Во ОН денеска ќе биде одржан еднодневен самит за климата на кој ќе се направат напори од мртва точка да се покренат преговори за нов климатски договор кој треба да го замени Протоколот од Кјото.

samitПреговорите се во застој поради различните ставови за тоа како намалувањето на емисиите да се подели меѓу богатите и земјите во развој и како да се соберат околу 100 милиони долари колку се потребни годишно за сиромашните држави да им се помогне да се изборат со глобалното затоплување и да се прилагодат на промените.
На тој состанок треба да биде формулиран нов документ за спречување на климатските промени бидејќи важноста на Протоколот од Кјото завршува во 2012 година.

Фокусот е врз Кина и САД кои најмногу емитуваат штетни гасови – над 40 отсто од светската емисија на гасови, и од кои се очекува да дадат поттик за преговорите чиј последен круг е закажан за декември во Копенхаген.
Шефот на Секретаријатот на ОН за климатски промени Иво де Бер синоќа изрази очекување дека со мерките на кинеските раководители, таа држава (Кина) ќе стане „светски лидер“ во борбата против глобалното затоплување.
Де Бер додаде оти очекува претседателот на Кина Ху Џинтао да најави серија мерки кои драстично ќе ја намалат емисијата на штетни гасови. 
Според западни медиуми, американскиот претседател Барак Обама ќе мора да го убеди остатокот од светот дека Вашингтон е сериозен во поглед на намалување на штетните гасови во време кога е малку веројатно оти Сенатот ќе усвои климатски закони пред Копенхаген.
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо се очекува да ги предупреди учесниците дека „во прашање можеби не е обичен застој кој може да се среди догодина“ туку постои ризик се да се претвори во „ужасен колапс кој може акциите за спречување на климатски промени да ги одложи за повеќе години“. Тоа е наведено во дел од неговиот говор, а во кој имаа увид неколку европски медиуми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top