Post Views: 22
Инфективен оддел за лекување на пациенти од различни видови инфективни болести има само во охридската болница. Голем број на пациенти од целиот регион добиваат медицинска помош при потешки здравствени компликации од сезонски грип или вирозни и во лето и во зима. Она што загрижува е што на инфективното одделение болничките услови се лоши. Објектот каде што е сместено одделението е многу стар иако овде се лекуваат повеќе од 1.000 пациенти годишно. Располага со 6 соби и капацитет за лекување од околу 20- тина пациенти.
Медицински се згрижуваат пациенти од Охрид, Струга,...
Post Views: 0
Претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Германија в петок во Брисел ќе започнат нов состанок за иранската нуклеарна програма.
Состанокот се одржува ден откако Иран го отфрли предлогот на Меѓународната агенција за атомска енергија од октомври, според кој Техеран би можел, своите залихи за ниско збогатен ураниум да ги праќа во странство, каде дополнително би ги збогатиле.На, состанокот, што ќе биде на ниво на политички директори, а на него ќе учествува и високиот претставник за заедничка и безбедносна политика на ЕУ Хавиер...
Post Views: 1
Од сите заклани свињи ќе се земаат поримероци за лабораториско испитување и утврдување на присуството на вирусот, информираа од Општина Делчево.
По откривањето на првите сличаи на aфриканска свинска чума чиј вирус е пронајден во одгледувалиште во делчевското село Драмче, од денеска почнува депопулација на свињите во заштитната зона во радиус од 3 километри околу потврдените жаришта на две одгледувалишта во с. Драмче, вклучувајќи ги населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево, како една од мерките кои ќе се преземат во однос на контрола и заштита...
Post Views: 1
Амбасадорот на Словенија во Република Северна Македонија, Милан Јазбец, беше во протоколарна посета на Општина Охрид. Во рамки на посетата тој оствари средба со Претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска.
Во рамки на средбата беше разговарано за досегашната одлична соработка на неколку заеднички културни проекти и бeше потенцирано дека таквата соработка ќе продолжи да се унапредува и во иднина.
Беше разговарано и за деталите околу организацијата на петтото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“.
Post Views: 5
Новоизбраниот претседател на Европската унија -белгискиот премиер Херман ван Ромпуј, изјави синоќа на прес-конференција дека ќе стапи на новата должност на 1 јануари 2010 година.
– Ја преземам функцијата претседател на ЕУ со убедување и ентузијазам, истакна Ван Ромпуј.Според него, изборот за прв претседател и прв шеф на дипломатијата на ЕУ ставил крај на институционалната криза на ЕУ, која започна со неуспехот на проектот за Уставот во 2005 година. – Дискусиите за институционална криза завршија за подолг временски период, истакна тој.
Ван Ромпуј ги посочи...
Post Views: 19
„Урбана култура“ е еден од клучните проекти во нашата предизборна програма кој наскоро започнува да се реализира. Со овој проект се обезбедува комплетно нова слика на најцентралниот и најфреквентниот дел на градот. – истакна Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
Како прва фаза од реализацијата на проекот е реконструкцијата на плоштадот „Чинар“ заедно со пешачката улица „Гоце Делчев“. Реконструкцијата предвидува замена на постојниот плочник со нови гранитни плочки, замена на постојната фонтана,...
Post Views: 0
Хигиената е приоритет во Охридското основно училиште “Григор Прличев “ и во подрачните установи.
Викендов беше работен за службите во некои од училиштата во Охрид. Тоалетите во двете згради во централното училиште “Григор Прличев” и во подрачното училиште во населбата Рача темелно се чистеа со специјални средства и машини.
Во таа насока менаџментот на училиштето се стреми постојано да им овозможи здрав престој на учениците во капацитетите и можностите кои ни се дадени.
2020 година уште од јануари зпочна со заштитни мерки од вируси и сезонски грип:
Извршена е дополнителна...
Post Views: 1
Европската унија (ЕУ) ќе одржи денеска средба на врвот, на која што треба да бидат избрани првиот претседател и првиот министер за надворешни работи на Унијата.
Двете нови функции се предвидени во Лисабонскиот договор, што треба да стапи на сила на 1.декември оваа година, откако беше ратификуван од сите 27 земји членки на ЕУ.
Шведското претседателство јасно стави до знаење дека сака „силни лидери“ на чело на Унијата.
Некои од земјите членки на ЕУ, како што се Франција и Германија, би сакале на чело на Унијата да застане личност со лидерско, но и меѓународно искуство,...
Post Views: 9
Заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан и справување со проблемите со кои се соочуваат, преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година тема на Петтата по ред неформална средба на директори и претставници на царинските служби на државите од Западен Балкан што од денеска се одржува во Охрид.Најголем предизвик во царинското работење е трговијата. Елиминација на тарифните бариери, намалување...
Post Views: 1
Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Павле денеска во 13 часот ќе биде погребан на гробиштата во манастирот „Свети Архангел“ во Раковица.
Утрово во Соборниот храм, каде се изложени посмртните останки на српскиот патријарх, започна упокоителна литургија која ја предводи Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Српскиот патријарх по сопствена желба ќе биде погребан на манастирските гробишта покрај првиот патријарх на обновената патријаршија на СПЦ, Димитрија.Во подготовката на неговиот вечен дом учествувале и сестринството на манастирот и граѓаните на Раковице.Централното...
Post Views: 3
ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца , претставници од ЛС , почитувачи на борците за слободна на Македонија од НОБ им одадоа почит на револуционерот Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход во 1944 година. Се одбележаа 76 години од двата настани , од смрта на Андон Дуков и изведувањето на Февруарскиот поход.
„Борбата зеде бројни жртви пред кој ние се поклонуваме и чие дело го славиме. На овој ден им оддаваме почит за нивната пожртвуваност, храброст, борбеност, истрајност и визија. Без почит кон минатото нема просперитетна сегашност ни подобра иднина. Денес...
Post Views: 0
Турско исламско-конзервативниот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот го пушти во промет еден од своите мега проекти, мостот во заливот Izmit, на северозападот од земјата, кој е воедно најголемо градилиште кое некогаш е покренато во Турција пред три години.
Мостот е наречен Osman Gazi, по името на султанот Osman I. , се наоѓа на Мраморното море, и е еден од најголемите висечки мостови во светот од 3 км и е составен дел од главната делница на автопатот Gebze-Orhngazi-Izmir, долг 433 км.
“Требаше да биде изграден пред 50 години, но сега конечно го завршивме”,изјави...