Post Views: 6
Се подобрува сообраќајната безбедност и се зголемува протокот на возила на Булевар Туристичка по воведувањето на кружните крстосници, информира Стефан Димоски портпарол на СВР. Додава дека се бележи континуиран пад на бројот на случени сообраќајни несреќи меѓу моторните возила и другите учеснци во сообраќајот во близина на кружните раскрсници. Во првите два месеца од оваа година, во и околу раскрсниците со кружен тек на сообраќајот, на Туристичка, евидентирани биле три сообраќајни несреќи во кои двајца пешаци и еден велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди.
„Најчести...
Post Views: 1
Се распаѓа струшкиот безистен. Овој комерцијален објект навистина се наоѓа во катастрофална состојба, буквално, пропаѓа. Граѓаните пред камерата на ТВМ кажаа дека сликата во моментов најдобро зборува во каква состојба е овој објект кој се наоѓа на сред струшката чаршија, пред кој се фотографираат бројните туристи од земјава и светот.
„Безистенот моментално е за експедиција, целиот комплетно, затоа што е тотално уништен, катастрофа е. И градоначалникот да си преземе мерки да го среди,-Не ме бендисува, -Тоа е ужасно нешто, гледано од друг аспект, најнеуредено место во...
Post Views: 0
Средба меѓу рускиот претседател Дмитриј Медведев и италијанскиот премиер Силвио Берлускони ќе се одржи во четврток во Рим.
На средбата се очекува да бидат разгледани односите меѓу Москва и Европската унија(ЕУ), но и со НАТО, а ќе се разговара и за иранската нуклеарна програма и европската безбедност.
„На дневниот ред се вклучени клучните прашања од светскиот дневен ред, проблематиката за формирање на нова архитектура за европска безбедност, тематиката за односите на Москва со ЕУ и НАТО, градењето на нова светска финансиска архитектура во услови на глобална економска...
Post Views: 0
Се известуваат граѓаните на Охрид дека од 10.03.2020г ќе се започне со работи на санација на канализацискиот колектор со технологија без ископување (CIPP) и тоа на делот на главниот копнен канализациски колектор од населбата Лагадин до Охрид и на делот на главниот копнен канализациски колектор од Охрид до Струга. Инвеститор на работите е ЈП Колекторски систем Охрид , а работите ги изведува компанијата ЕКО Теам ДОО Скопје и ИНД-ЕКО доо Ријека.
Работите ќе се изведуваат следните четири месеци во време од 0 до 24 часот, а во текот на изведувањето на работите сообраќајот...
Post Views: 4
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц в четврток ќе го претстави пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк редовниот шестмесечен извештај за соработката на земјите од поранешна Југославија со судот.
Во делот на извештајот за Србија, Брамерц истакнува дека е „задоволен“ од напорите што властите на Србија во моментот ги вложуваат за да ја комплетираат соработката со обвинителството во Хаг, пренесуваат српските медиуми.
Според извештајот, најкритично преостанато прашање во соработката со Србија, останува пронаоѓањето и апсењето на двајцата бегалци Ратко...
Post Views: 1
Успешно заврши традиционалната крводарителна акција која се спроведува на Водици во Охрид.
Собрани се 66 крвни единици од хумани охриѓани и гости во традиционалната крводарителска акција, годинава под мотото „Една капка може да промени се“. Од општинската организација на Црвен крст Охрид се задоволни од одзивот на дарителите, а посебно нагласуваат дека во крводарителската акција, годинава се вклучиле млади лица кои за првпат даруваат крв.
Сашо Точков, претседателот на Црвен крст Охрид информираше и дека капачите годинава ги почитувале нивните препораки, па така нивните...
Post Views: 2
Четириесетата седница на Советот на општина Охрид, ќе се одржи на ден 12.03.2020 година (четврток ) со почеток во 11,00 часот, во зградата на Општина Охрид.
На дневниот ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат следните точки:
Усвојување на Записникот од 39 седница
Предлог – одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01.2019 до 12.2019 година. Предлог – одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски...
Post Views: 2
Американскиот претседател Барак Обама, објави дека САД ќе испратат во Авганистан уште 30.000 војници, но истовремено најави и почеток на повлекувањето на американските воени сили од аваа азиска земја, за 18 месеци.
Во својот говор за воената стратегија во Авганистан, кој Обама го одржал синоќа во воената академија “Вест Поинт“, тој рекол дека новите американски војници ќе стигнат во Авганистан за време на годинешниве Божиќни празници, како и тоа дека новата стратегија во својата прва година ќе чини 30 милијарди долари.
“Дополнителни 30.000 војници ќе бидат распоредени...
Post Views: 0
Во рамките на ревитализацијата e опфатено и воспоставување поврзаност меѓу Студенчишкото Блато и Охридското Езеро преку канали, ветува кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Просторот околу нив има да биде партерно уреден со пешачки патеки и пропратни елементи, инфо табли со презентирани информации поврзани со блатото. На одредени точки поставување и видиковци од каде што посетителите добиваат подобра слика за целиот простор. Целта на овој проект е заштита на рибниот фонд, со посебен акцент на заштита на ендемичната охридска пастрмка, зголемување...
Post Views: 3
Во организација на секторот за Туризам и локален економски развој при Општина Охрид започнаа активностите за практични обуки на тема вклучување на локалните жители во креирање на туристичката понуда и сегментот на агротуризам и стандарди во агротуризмот.
Обуките се дел од годишната Програма за поттикнување на развојот на туризмот за 2020 година и истите се прилагодени за давателите на услуги во алтернативниот туризам, туристичките водичи и туроператори. Според предвиденото, обуките ќе се реализираат во термините 5-6 март и 9-10 март во периоднот од 10 часот до 15 часот...
Post Views: 10
Главниот извршен директор на американската автомобилска корпорација „Џенерал Мотрос“, Фриц Хенедерсон поднесе оставка на функцијата, јави телевијата Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на неимениван извор „близок до раководтсвото на компанијата“.
Според истиот извор, ваквата своја одлука Хендерсон ја обелоденил на заседанието на 13-члениот Одбор на директори на „Џенереал Моторс“ што се одржа синоќа во Детроит.Хенедерсон беше избран за главен извршен директор на „Џенерал Моторс“ кон крајот на март оваа година, кога компанијата беше доведена до банкрот и беше спасена со голема...
Post Views: 1
Општина Охрид изготви „Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“.
Изготвувањето на студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје.
Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани експерти од Институтот за билогија на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Хидробиолошкиот институт од Охрид како и претставници на други институции.
Во студијата е потенцирано големото...