Започнува санацијата на главниот канализациски колектор


Од следната недела ќе започне санација на главниот копнен канализациски колектор од Лагадин до Охрид и од Охрид до Струга.  Од компанијата Еко тим со известување до граѓаните за одредени мерки и делумни ограничувања  за време на инсталирањето на новите цефки.

 |   | 

Се известуваат граѓаните на Охрид дека  од 10.03.2020г ќе се започне  со работи на санација на канализацискиот колектор со технологија без ископување (CIPP) и тоа на делот на главниот копнен канализациски колектор од населбата Лагадин до Охрид и на делот на главниот копнен канализациски колектор од Охрид до Струга.
Инвеститор на работите е ЈП Колекторски систем Охрид , а работите ги изведува компанијата  ЕКО Теам ДОО Скопје и ИНД-ЕКО доо Ријека.

Работите ќе се изведуваат следните четири месеци  во време од  0 до 24 часот, а во текот на изведувањето на работите сообраќајот на возилата ќе биде делумно ограничен. Се молат сите граѓани за разбирање како и почитување на привремените сообраќајни регулации.

Исто така се молат сите станари да ја проверат исправноста на своите  одводни сифони и да ги наполнат со вода како би се спречиле евентуални непријатни миризби кои не претставуваат опасност ) кои потенцијално можат да се појават во текот на санацијата во станбените простори.

Се молат сатанарите, во текот на санацијата на колекторот непосредно да не ги користат канализациските состави  или користењето да го сведат на минимум  бидејќи истите ќе бидат вон функција за време на инсталирање на новите цефки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top