Обама го зголемува бројот на американски војници во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама, објави дека САД ќе испратат во Авганистан уште 30.000 војници.

 |  Крсте Голабовски  | 
Barak Obama
Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама, објави дека САД ќе испратат во Авганистан уште 30.000 војници, но истовремено најави и почеток на повлекувањето на американските воени сили од аваа азиска земја, за 18 месеци.

Barak ObamaВо својот говор за воената стратегија во Авганистан, кој Обама го одржал синоќа во воената академија “Вест Поинт“, тој рекол дека новите американски војници ќе стигнат во Авганистан за време на годинешниве Божиќни празници, како и тоа дека новата стратегија во својата прва година ќе чини 30 милијарди долари.

“Дополнителни 30.000 војници ќе бидат распоредени во првата половина од 2010 година, и тоа што е можно побргу, за да може да се борат против бунтовниците и да ги обезбедат клучните населени центри“, рекол Обама.

Според него, првите американски војници ќе почнат да се враќаат дома од Авганистан во јули 2011 година. Но, републиканците во САД, поставувањето на рокот за повлекување го оценила како демонстрација на слабост.

“Датумот за повлекување само ја јакне Ал Каеда и талибанците, додека во истовреме ги обесхрабрува нашите партнери во Авганистан и се чини многу малку веројатно дека тие ќе ги ризикуваат своите животи за да застанат а наша страна во борбите“, рекол Џон Меккејн, главниот ривал на Обама во предизборната претседателска трка во 2008 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top