Prishtina

Црна Гора и Косово официјално воспоставија дипломатски односи

Post Views: 1 Црна Гора и Косово во петок воспоставија дипломатски односи со размена на писма на министрите за надворешни работи Милан Рочен и Скендер Хисени, соопшти црногорската влада. Шефот на црногорската дипломатија во писмото до косовскиот колега изразил очекување дека положбата на црногорската заедница на Косово ќе биде трајно решена. „Ова ќе придонесе за подобра меѓусебна доверба и традиционална почит која ја негуваат нашите пријателски народи во интерес на заедничките добра и јакнењето на регионалната стабилност и брзите достигнувања на заедничките европски и евроатлански...

Continue reading

Безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа е стабилна

Post Views: 1 Изминатово деноноќие,безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Утрово околу 07 часот,во рамки на активностите на полицискитеслужбеници регистрирано е дека еден угостителски објект лоциран на улицата „Братство и eдинство“ во Дебар е отворен и не ја почитувал забраната за работа. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Активностите за дотурот...

Continue reading

“Протестирам” повторно на протести од понеделник

Post Views: 1 Граѓанската организација „#Протестирам“ на својот Фејсбук профил вчера објави дека денеска нема да биде организиран протест во Скопје. „Наместо утре, со протести продолжуваме во понеделник во 18 часот – побројни, покоординирани и со нови сили и енергија“, стои во најавата на „Протестирам“. Демонстрантите на антивладините протести во Скопје вчера стоеја со огледала пред полицајците. Граѓаните што беа во првиот ред пред полициската барикада на мостот „Гоце Делчев“ извадија огледала и ги поставија пред лицата на специјалците кои не им дозволуваа да го продолжат маршот кон...

Continue reading

Haiti

268.5 милиони долари помош за Хаити

Post Views: 5 Вкупно 268,5 милиони долари како итна првична помош за Хаити досега ветиле повеќе влади и компании, објавија во петокот Обединетите нации. Ова ветување пристигна пред повикот за итно собирање на средства за помош на  карипската земја,  која е речиси уништена  од силниот земјотрес кој се случи пред два дена. Најголеми донатори се САД и Светската банка кои ќе испратат по 100 милиони долари. По нив следуваат Велика Британија која ќе помогне со 10 милиони долари, по што следат Бразил, Канада, Европската унија, Шведска, Данска, Холандија, Кина, Шпанија, Германија и многу...

Continue reading

Девет нови случаи на коронавирус во земјата

Post Views: 1 Министерството за здравство информира дека се регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85, случај во Охрид. Според местото на постојано живеење, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид. Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка...

Continue reading

logo

Работодавачите и работниците на заедничка средба

Post Views: 5 Агенцијата за вработување во Струга го организира третиот по ред Саем за вработување. Ваквите средби и работодавачите и работниците ги оценуваат како позитивни. Како резултат од минатите саеми биле реализирани 600 вработувања. Во Струга работодавачите и оние кои се заинтересирани за вработување остварија заедничка средба. Агенцијата за вработување го организира третиот по ред Саем за вработување во оваа година. На овие саеми граѓаните имаат можност да видат што нудат компаниите од регионов, кои работни места се слободни и кои се условите за вработување. Директорот на...

Continue reading

zrtva

100 милиони долари од Светска банка помош за Хаити

Post Views: 0 Светската банка  одобри 100 милиони долари итен заем за поддршка и обнова на најсиромашната карибска држава. “Ова е шокантно, меѓународната заедница го поддржува Хаити во овие тешки моменти”, изјави претседателот на светската банка Роберт Зелик.Светската банка испрати тим на Хаити, кој ќе соработува со владата и меѓународните партнери кои треба да ја проценат штетата од земјотресот во кој загинаа 100.000 луѓе. Американскиот претседател Барак Обама најави брзо координирање и зголемени напори за спасување на жртвите, како и вклучување на екипите за трагање...

Continue reading

Министерството за здравство од денеска еднаш дневно ќе информира за состојбата со Ковид 19

Post Views: 2 Министерството за здравство од денеска еднаш дневно ќе прави пресек на новозаболени со коронавирус и ќе ја информира јавноста за тоа. Ваквата одлука е донесена заради растот на бројот на случаи на Ковид 19 во земјава. „Ќе информираме за состојбата до 12 часот и таа бројка ќе се однесува на претходните 24 часа. Досега ова го правевме два до три пати во денот, но откако имаме локалана трансмисија и почнуваат да се вршат тестирања на повеќе локации, собирањето на точните бројки и статистики бара повеќе време“, се наведува во соопштението од министерството за здравство. Од...

Continue reading

Haiti

Жителите на Хаити во паника поради опасност од цунами

Post Views: 1 Илјадници преживеани на Хаити во текот на ноќта панично се искачуваа на повисоките населби во главниот град, поради гласините дека цунами ќе го погоди островот по разорниот земјотрес. Луѓето пеш или со своите автомобили се упатија кон населбата Кенскоф, на брдото Петионвила. Носејќи го најнеопходното со себе, жителите на разурнатиот град Порт о Пренс се пробиваа низ тесните улици само за да стигнат до населбите што се наоѓаат на повисоките делови. Иако немаше ниту еден доказ дека цунами ќе го погоди главниот град, луѓето поради гласините  се искачуваа на повисоко за...

Continue reading

Напад врз станбена зграда во Киев

Post Views: 2 Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба објави фотографија на Твитер на која се гледа оштетување на станбена зграда во Киев од руски ракетен напад. „Киев, нашиот прекрасен, мирен град, преживеа уште една ноќ под напади на руските копнени сили, проектили. Еден од нив удрил во станбен блок во Киев. Барам од светот: целосно да ја изолирате Русија, да ги протерате амбасадорите, ембарго на нафтата, уништете ја нејзината економија. Стоп за руските воени злосторници!“ Подоцна се појави видео на кое се гледа руски ракетен напад врз станбениот блок. Никој не...

Continue reading

НАСТАВА ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ ВО ОХРИДСКИТЕ УЧИЛИШТА

Post Views: 0 Согласно актуелната состојба со Корона вирусот Ковид-19 и поради прекинот на воспитно – образовниот процес, Локалната самоуправа даде иницијатива и препорака за изнаоѓање на алтернативни форми за надоместување на изгубениот наставен материјал за учениците од подрачјето на Општина Охрид. За таа цел сите основни и средни училишта во координација со надлежните за образование при локалната самоуправа, деновиве започнаа да спроведуваат неформална настава по електронски пат за учениците. Ова значи дека наставниците и професорите ќе споделуваат наставни содржини согласно предвидените...

Continue reading

Zak Sirak

Судскиот процес против Ширак продолжува во ноември

Post Views: 1 Процесот против бившиот претседател на Франција Жак Ширак, осомничен за присвојување државни средства во времето кога бил градоначалник на Париз, ќе продолжи во ноември 2010. година. Ширак е обвинет„ „за присвојување на државни средства“ и „злоупотреба на положбата“, за што може да биде осуден на 10 години затвор и казна од 150.000 евра. Обвинението го товари дека додека бил градоначалник на Париз во периодот од 1977-1995. година присвоил средства со помош на фиктивни работни места. Обвинението беше подигнато по симнувањето на претседателскиот имунитет во 2007. година....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top