Работодавачите и работниците на заедничка средба

Агенцијата за вработување во Струга го организира третиот по ред Саем за вработување.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

saemАгенцијата за вработување во Струга го организира третиот по ред Саем за вработување. Ваквите средби и работодавачите и работниците ги оценуваат како позитивни. Како резултат од минатите саеми биле реализирани 600 вработувања.

Во Струга работодавачите и оние кои се заинтересирани за вработување остварија заедничка средба. Агенцијата за вработување го организира третиот по ред Саем за вработување во оваа година. На овие саеми граѓаните имаат можност да видат што нудат компаниите од регионов, кои работни места се слободни и кои се условите за вработување. Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски вели дека интерес има за различни профили како инжењери, шивачи, општи работници, козметичари и тн.

saemОд минатите саеми имаме 600 директни вработувања и тоа само во првиот и вториот месец по одржувањето на саемите. Постојано сме во контакт со фирмите и се информираме што со оние 1800 позитивни СИВИ-ја со кои работниците аплицираа кај работодавачите. Ние инсистираме дел од нив да бидат вработени, вели Попоски.

На струшкиот саем имаше триесетина штандови на кои различни фирми се презентираа и нудеа вработување на заинтересираните граѓани. Работодавачите оваа иницијатива на Агенцијата за вработување ја оценуваат како позитивна и корисна за двете страни.Сопственичката на козметичкиот салон Изида од Охрид ги сподели своите искуства.

Јас од еден ваков едукативен курс веќе имам еден вработен а знам дека и други работодаввачи го направија тоа. Една приватна фирма од Охрид вработи дури 50 работницио преку вакви средби. Средбите Б2Б се многу корисни за сите, вели Сузана од козметичкиот салон Изида од Охрид.

И фирмата Мај пица од Дебар денес ги нудеше своите можности за вработување.

Овие средби се многу позитивни. Јас имам фирма која работи со странство и барам работници кои добро го познаваат англискиот јазик. На штандов дојдоа повеќе заинтересирани лица па некој од нив можеби ќе биде и вработен кај нас.

Наредниот Саем за вработување ќе се одржи следната недела во  Кочани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top